Колку функционираат домаќинските трикови кои ги учиме онлајн?

Денес може да се најдат илјадници совети и трикови за олеснување на секакви ситуации во домаќинството.

dali-navistina-funkcioniraat-trikovite-za-domakjinstvo-koi-gi-gledame-na-internet-01.jpg

Од чистење на дамки, до отстранување гребаници и пеглање без пегла за алишта. Трикови кои на сите ни се потребни во одредени моменти за да ни го „спасат животот“.

Но, дали тие навистина се точни и дали функционираат? И кога треба да се употребуваат?

Погледнете ги овие 10 трикови и дознајте дали успеваат:

1. Памук и оцет ќе ви помогнат да отстраните мастило од чантата

Резултат: Функционира. Плус, така можете да го проверите и квалитетот на чантата. Ако е квалитетна, бојата нема да се пренесе на памукот.

dali-navistina-funkcioniraat-trikovite-za-domakjinstvo-koi-gi-gledame-na-internet-02.jpg

2. Со пегла за коса може да се испеглаат малку изгужвани делови од облека

Резултат: Изгужваните делови брзо се пеглаат. Функционира добро, посебно на светли маици. Со поцврсти материјали нема да успее.

dali-navistina-funkcioniraat-trikovite-za-domakjinstvo-koi-gi-gledame-na-internet-03.jpg

3. Влошките помагаат брзо да се исушат чевлите и да се изгуби мирисот

Резултат: Ако имате и фен за сушење, ова е одличен начин да ја отстраните влажноста од чевлите. За неколку часа ќе бидат суви.

dali-navistina-funkcioniraat-trikovite-za-domakjinstvo-koi-gi-gledame-na-internet-04.jpg

4. Ако ставите восок на чевлите и ги дувате со фен, ќе станат водоотпорни

Резултат: Успева. Восокот е незабележителен и се отпорни на вода. Може да биде корисно за дождливи денови.

dali-navistina-funkcioniraat-trikovite-za-domakjinstvo-koi-gi-gledame-na-internet-05.jpg

5. Отстранете ги гребаниците на чевлите со вазелин

Резултат: Малите гребаници стануваат незабележителни, а големите сѐ уште се видливи.

 dali-navistina-funkcioniraat-trikovite-za-domakjinstvo-koi-gi-gledame-na-internet-06.jpg

6. Отстранете ги топчињата на облеката со помош на брич

Резултат: Трикот успева, топчињата исчезнуваат. Но, не треба да претерате за да не ја уништите облеката.

dali-navistina-funkcioniraat-trikovite-za-domakjinstvo-koi-gi-gledame-na-internet-07.jpg

7. Исчистете ги масните дамки на облеката со бебешка пудра

Резултат: Не успева. Пудрата ја впива маснотијата, но дамката останува.

dali-navistina-funkcioniraat-trikovite-za-domakjinstvo-koi-gi-gledame-na-internet-08.jpg

8. За да ја задржите формата на високите чизми, ставете завиткан хамер.

Резултат: Успева. Можете да пробате и со нешто друго наместо хамер, што мислите дека ќе ги држи цврсти до следната зима.

dali-navistina-funkcioniraat-trikovite-za-domakjinstvo-koi-gi-gledame-na-internet-09.jpg

9. Антибактериско средство за раце може да ги отстрани дамките од мастило на облека

Резултат: Функционира одлично! Брзо ги отстранува трагите од пенкало.

dali-navistina-funkcioniraat-trikovite-za-domakjinstvo-koi-gi-gledame-na-internet-10.jpg

10. Ако ви се разлабави копче, ставете лак за нокти

Резултат: Успева и тоа не само со мали копчиња од кошула, туку и со големи од јакни и капути.

dali-navistina-funkcioniraat-trikovite-za-domakjinstvo-koi-gi-gledame-na-internet-11.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Домаќински трикови со кои луѓето си го олеснуваат животот (а ќе ви послужат и вам) „Секогаш купувам повеќе од што ми е потребно, односно сакам да имам шише зејтин ...
7 трикови со боја на ѕидовите за визуелно да ја смените големината на собата Знаете ли како да ја „зголемите“ собата со помош на боја? Или како да ја издолжи...
10 корисни трикови што сигурно ќе ви се најдат низ домот Како да ги закачите кошулите по перење за да не ви се истуткаат и како правилно ...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Мраз за чевлите, оцет за бојата на фармерките - Трикови за беспрекорен изглед на гардеробата Со пегла за коса можете набрзина да ја испеглате јаката на кошулата, а гумата за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg