10 совети за чистење заради кои никогаш нема да правите „генералка“
Чистењето не мора секогаш да биде заморно и да одзема многу време.
Ако успеете да усвоите неколку едноставни навики во секојдневното средување, никогаш повеќе нема да мора да правите генералка.
Еве што поточно треба да правите:
1. Чистете после себе, пред да легнете да одморите
Пуштете ја машината за перење на садови, соберете ја валканата облека барем во корпа и сметете. За брзо време ќе имате релативно уреден дом кој во текот на викендот нема да мора да го средувате многу.
2. Не собирајте непотребни предмети по домот
Ако предметите во домот немаат свое место само ќе ви пречат. За да имате уреден дом морате да се ослободите од вишокот предмети кои навистина не ви се потребни.
3. Не го одложувајте чистењето
Сè што може да се направи за 2 минути, најдобро е да го направите веднаш. Ако видите дамка некаде не чекајте да се исуши, избришете ја. Ослободувањето од помалиот неред ќе ви помогне подоцна полесно да чистите.
4. Направете листа на работи кои морате да ги извршите
Педантните луѓе имаат долга листа на работи кои ги имаат за правење, но секогаш си ги знаат приоритетите.
5. Чистете за време на готвењето
Мултитаскингот за време на готвењето е одлична идеја и заштедува време.
6. Враќајте ги работите на нивно место
Ако работите кои ги користите во моментот ги вратите од таму од каде сте ги земале, нема да имате многу неред после вас.
7. Местете го креветот секој ден
Средувањето на креветот рано наутро е одлична вежба, плус спалната никогаш нема да ви изгледа неуредно.
8. Редовно чистете со правосмукалка
Не чекајте да се насобере прашина, туку редовно вклучувајте ја правосмукалката и чистете го подот.
9. Собирајте ја облеката
Кога ќе одберете што да носите не ја оставајте другата облека расфрлана зад себе, туку веднаш собирајте ја и диплете ја.
10. Распоредете ги задачите на сите во домот
Не треба само ваша одговорност да биде да чистите низ домот, туку дајте неколку задачи и на другите членови.
Н. Г. | Црнобело