Како да ја одржувате хигиената и свежината на вашите перници?

Дневното одржување и редовната грижа е нешто што дефинитивно ќе го продолжи векот на вашите перници. Дали знаете како да ја одржувате хигиената и нивната свежина?

kako-da-ja-odrzuvate-higienata-i-svezinata-na-vashite-pernici-2.jpg

Колку и да ви изгледа комплицирано и досадно целото ова, мора да нагласиме дека чистата и удобна перница е основното нешто кое ви е потребно за добар сон.

Во продолжение, прочитајте неколку совети кои ќе ви помогнат да ја одржите свежината на вашата перница:

1. Секогаш користете навлака за перница. Навлаката не само што помага да ја одржувате вашата перница чиста, туку таа исто така може да ви помогне и да се изборите со алергиите. Препорачливо е навлаката да ја менувате најмалку еднаш неделно.

2. Секојдневно протресувајте ја перницата. Секое утро пред да го наместите креветот, протресете ја и перницата. На тој начин ќе ги отстраните првутот и прашината, а истовремено ќе го задржите стандардниот облик.

3. Еднаш месечно проветрувајте ја вашата перница. Се препорачува и да ја оставате на сонце неколку часа, особено ако е времето топло.

4. Веднаш сушете ја перницата доколку забележите дека таа се намокрила.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Чести грешки кои имаат влијание врз хигиената во бањата Ја чувате луфата во туш кабината или на кадата, крпите ги складирате во бањата и...
8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето Ако ставите црна чешма, на неа постојано ќе има дамки од бигор доколку не ја чис...
8 работи поради кои спалната соба ви е секогаш хаотична Хаосот од расфрланите продукти за убавина и несредениот накит во спалната секако...
Како најлесно да ги средите фиоките со облека (и да се ослободите од хаосот)? Ако наутро најпрво вежбате, можеби хеланките и спортските градници треба да ви б...
Како најлесно да ја исчистите завесата во бањата? Ако забележите нечистотии или мувла на завесата за туширање во вашата бања, не з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg