Предмети за лична хигиена кои ги менувате поретко отколку што треба
Сите ние знаеме дека за да ја одржуваме хигиената на максимално ниво мораме почесто да ги менуваме четките за заби, пешкирите, постелнината... Поточно сите оние работи на кои се насобираат мртви клетки и бактерии.
Но, дали точно знаете на колку време треба да се менуваат најчесто употребуваните предмети?
Еве што советуваат докторите:
Четки и чешли
Замената со нови четки зависи од разни фактори, пример од какви материјали се направени истите, но и според тоа колку производи за фризура се користат. Во просек, дерматолозите велат дека четките и чешлите треба да се менуваат на 6 до 12 месеци. Плус, не треба да заборавате да ги миете четките еднаш неделно.
Четки за заби
За да ја одржувате оралната хигиена морате почесто да ги менувате и четките за заби кои ги користите. Плус, ако се разболите, исто така, морате да ја фрлите четката и да ја замените со нова.
Сунѓер за туширање
На овој предмет може и се насобираат многу бактерии и габи заради влагата, па добро е редовно да го менувате и често да го чистите. После туширање морате да ја исушите настрана од влагата во тоалетот. Никогаш не треба да ја користите за интимните делови на телото и добро да ја исчистите ако претходно сте се бричеле.
Постелнина
Секако дека не треба да ја фрлате старата постелнина, ама морате да ја менувате со нова свежо испрана еднаш неделно, бидејќи во текот на ноќта се собираат многу мртви клетки од кожата.
Бричеви
Бричевите најдобро е да ги менувате со нови после 5 до 7 употреби, бидејќи во спротивно не само што тапат, туку на нив се собираат и бактерии кои предизвикуваат иритација на кожата, а можат да предизвикаат и воспаление.
Пешкири за туширање
Не морате да ги менувате после секое бањање, ама добро е тоа да го направите на секои 3 до 4 употреби и ако гледате дека пешкирот не се исушил добро од влагата во тоалетот.
Пешкири за раце
Редовното миење на раце не значи дека повторно не оставате бактерии на пешкирите кои ги користите за бришење на истите, плус влагата од мокрите раце може да предизвика и појава на габи.
Пешкири за лице
Лицето и вратот се далеку почувствителни од било кој друг дел на телото, па за нив мора и да преземете екстра мерки за грижа.
Н. Г. | Црнобело