Како да ги спасите работите кои мислевте дека се засекогаш уништени?
Некогаш доволна е една капка масло или една гума за џвакање, за никогаш повеќе да не облечете некои панталони или кошула.
Но, честопати тоа го правиме од незнаење, па дури и мрзеливост.
Наместо да побараме начин како да ги спасиме, си велиме „ќе купиме нови“.
Ако сепак немате вишок пари за фрлање, послужете се со овие трикови:
Отстранување гума за џвакање
За да го изведете ова потребна ви е коцка мраз. Тријте ја гумата за џвакање со мразот додека не се стврдне. Потоа лесно ќе ја одлепите. Постапката повторувајте ја колку што е потребно.
Отстранување лепенки и налепници
Ако ве нервираат лепенките на стаклените и пластични садови може да го направите следново - испрскајте WD-40 спреј и истријте со сунѓерче за садови. Ќе бидете пријатно изненадени.
Отстранување бигор од туш
Рачката од тушот одвртете ја и потопете ја во раствор од оцет и вода. Оставете го растворот да делува 2 часа, а потоа исплакнете.
Извлечени конци од џемперите
Тоа што едно конче виси од џемперот не значи дека сега треба да го носите само низ дома. Лесно ќе го поправите со обична црна шнола. Само поттурнете го од надворешната кон внатрешната страна, како на сликата.
Отстранување на чкртаниците од мебелот
Ако имате кожна гарнитура, но и мали деца, ја знаете борбата и чкртаниците кои е речиси невозможно да се извадат. Веројатно не сте пробале да ја испрскате линијата со WD-40 спреј. Потоа нежно истријте со мека крпа и вода.
Вадење на заглавените шрафови
Доколку шрафот кој сакате да го извадите има оштетена глава, едноставно ставете кујнско ластиче помеѓу него и шрафцигерот, како на сликата.
Патент кој постојано се откопчува
Сите ја знаеме маката со патентот кој не си ја врши работата како што треба. За да ги спречите непријатностите, на рачката од патентот навртете прстен од приврзок од клуч. Кога ќе закопчате, прстенот закачете го на копчето.
Поправка на поткинатите полначи
Искинатата пластика на полначите лесно може да ја поправите со гума од друг кабел. Потребно е гумата да ја пресечете на половина, да ја замотате околу местото каде полначот е поткинат и да загреете со фен додека убаво не се залепи.
Отстранување на скршена, заглавена сијалица
Ако ви се случил инцидент при отстранување на сијалицата и притоа делот за одвртување останал заглавен, проблемот лесно ќе го решите со пластично шише. Само следете ја постапката од сликата.
М. Д. | Црнобело