18 трикови за чист и организиран фрижидер

Чистењето на фрижидерот е навистина макотрпна работа која се обидуваме да ја избегнеме колку можеме повеќе, но од време навреме, мораме да изгубиме барем еден час во чистење на стаклените површини, на сите мали садови...

18-trikovi-kako-sekogash-da-imate-organiziran-i-cist-frizider-01.jpg

За фрижидерот да биде подолго време чист, можеме да примениме неколку идеи за подобро организирање и средување:

1. Кујнската хартија чувајте ја близу до фрижидерот за секогаш кога нешто ќе ви капне веднаш да го исчистите, не да го оставите да се исуши.

18-trikovi-kako-sekogash-da-imate-organiziran-i-cist-frizider-1.jpg


2.
Секој дел од фрижидерот покријте го со пластична подлога која лесно се чисти.

18-trikovi-kako-sekogash-da-imate-organiziran-i-cist-frizider-2.jpg


3.
Или сите полици препокријте ги со хартија која не пропушта вода.

18-trikovi-kako-sekogash-da-imate-organiziran-i-cist-frizider-3.jpg


4.
Пластичните садови се ваш пријател број еден, бидејќи со нив никогаш нема да имате дамки во фрижидерот.

18-trikovi-kako-sekogash-da-imate-organiziran-i-cist-frizider-4.jpg


5.
Ако сакате, можете и да ги именувате сите садови во фрижидерот за да знаете каде си стојат сите производи.

18-trikovi-kako-sekogash-da-imate-organiziran-i-cist-frizider-5.jpg


6.
Еден сад крстете го „Прво за јадење“ и во него чувајте ги работите на кои за брзо време треба да им измине рокот. Така нема непотребно да фрлате работи.

18-trikovi-kako-sekogash-da-imate-organiziran-i-cist-frizider-6.jpg


7.
Друг сад употребувајте го за чување на здрави грицки и ужинки.

18-trikovi-kako-sekogash-da-imate-organiziran-i-cist-frizider-7.jpg


8.
Садовите никогаш не ги редете во фрижидерот без соодветен капак. Посебно стаклените садови.

18-trikovi-kako-sekogash-da-imate-organiziran-i-cist-frizider-8.jpg


9.
Искористените тегли можете да ги употребите за чување на салата за секој член од семејството посебно.

18-trikovi-kako-sekogash-da-imate-organiziran-i-cist-frizider-9.jpg


10.
Месото и месните производи не ги чувајте во пакувањето во кое сте ги купиле, туку во посебни пластични или стаклени садови.

18-trikovi-kako-sekogash-da-imate-organiziran-i-cist-frizider-10.jpg


11.
Една мала корпа треба да ви биде за јајца, посебно ако секогаш имате повеќе од 10 јајца во фрижидерот.

18-trikovi-kako-sekogash-da-imate-organiziran-i-cist-frizider-11.jpg


12.
Употребете садови кои се движат за полесно да дојдете до производите кои се наредени подлабоко во фрижидерот и не се лесно достапни.

18-trikovi-kako-sekogash-da-imate-organiziran-i-cist-frizider-12.jpg


13.
Или за свежи овошје и зеленчук, ако сакате да ви бидат готови за јадење во секој момент.

18-trikovi-kako-sekogash-da-imate-organiziran-i-cist-frizider-13.jpg


14.
Чувајте самолеплива трака за означување веднаш до фрижидерот.

18-trikovi-kako-sekogash-da-imate-organiziran-i-cist-frizider-14.jpg


15.
Виното чувајте го затворено за да бидете сигурни дека нема да претече и да остави дамки.

18-trikovi-kako-sekogash-da-imate-organiziran-i-cist-frizider-15.jpg


16.
Заштедете простор во фрижидерот и путерот чувајте го во мал пластичен сад некаде во погорните полици.

18-trikovi-kako-sekogash-da-imate-organiziran-i-cist-frizider-16.jpg


17.
Ако тешко помните што имате во фрижидерот, напишете си на самиот фрижидер и водете сметка за тоа што е потрошено и изедено, а што треба да се јаде.

18-trikovi-kako-sekogash-da-imate-organiziran-i-cist-frizider-17.jpg


18.
Чувајте тегла активен јаглен во фрижидерот за да не се шират непријатни или силни мириси, како на пример оној од вашето омилено биено сирење или рибата.

18-trikovi-kako-sekogash-da-imate-organiziran-i-cist-frizider-18.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...
8 работи поради кои спалната соба ви е секогаш хаотична Хаосот од расфрланите продукти за убавина и несредениот накит во спалната секако...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg