8 најлоши места за криење на заштедените пари
Луѓето имаат најразлични причини заради кои не им веруваат на банките и решаваат парите да ги чуваат скриени во домот.
Дали и вие сте дел од оние кои сметаат дека парите се најбезбедни доколку ги чувате под перница?
Чувањето пари дома, особено во времето кое живееме, е навистина небезбедно, но ако сепак се одлучите за нешто такво имајте на ум дека ова се местата каде во никој случај не треба да ги скриете вашите пари:
1. Во дворот
Криењето пари во дворот не е добра идеја заради две едноставни причини:
- Секогаш постои можност соседите да ве видат како ги криете парите.
- Ако вашите миленици имаат навика да копаат низ дворот, лесно ќе ги откријат вашите пари.
2. Под душекот на креветот
Иако криењето пари под душекот е веќе класика, не мислете дека тоа што спиете на нив го прави душекот сигурно место. Кога не сте дома, ова е првото место каде крадците проверуваат.
3. Кеси за купување
Дури и крадците да не ги пребараат вашите кеси за купување во потрага по пари, може да се случи тие да им притребаат за да го однесат другиот плен. А сигурно дека вие не планирате да им приредите уште едно прекрасно изненадување?
4. Во стари чанти и паричници
Не ги чувате парите во старите чанти или паричници само затоа што не ги користите. Ако некој решил да претура по вашите работи сигурно добро ќе ја провери и старата искината чанта.
5. Во корпата за валкана облека
Можеби мислите дека е добра идеја да ги чувате парите во корпата за валкана облека, предмет во кој никој не би сакал да буричка. Но, крадците токму овие предмети ги користат за транспорт на украдените предмети, па корпата за валкана облека може да биде токму тоа што им треба.
6. Зад слика или фотографија во рамка
Уште една класика. И крадците ги гледаат истите филмови како вас, така што воопшто нема двапати да се мислат да пребараат и зад овие места, дури и ако тоа бара кршење на вашите најдраги сеќавања.
7. Во сефови кои не се вградени или цврсто зашрафени
Не е важно дали е мал или голем, вашиот сеф е целосно бескорисен ако крадците можат да го земат со себе. Затоа многу покорисно кога истиот е вграден во ѕид или цврсто зашрафен за подот или некое поголемо парче мебел.
8. Во плакари и фиоки
Крадците често прво ги проверуваат токму овие места, така што воопшто не е добра идеја да ги складирате парите во мебелот.
Доколку после ова останавте без идеи за криење на парите, применете некоја од следниве:
1. Замотајте ги парите во пластична кеса, и залепете ги на внатрешната страна од кујнската плоча или на дното од кутијата со играчки од вашето дете (најдобрата идеја е наравите второ, лажно дно)
2. Во водоотпорен сад скриени во најдолната фиока од фрижидерот или замрзнувачот.
3. Меѓу игли, макари, копчиња и друг прибор за шиење. Освен ако немаат потреба нешто итно да сошијат, сигурно нема да пребараат на тоа место.
4. Во пар стари чевли, облека па дури и во стар компјутер кој веќе не работи. Осигурете се дека сето тоа изгледа како ѓубре кое само што не сте го фрлиле.
М. С. | Црнобело