Што сè можете да исчистите во машината за миење на садови?

Машина за перење на садови, на прв поглед и самиот опис ни потенцира дека се употребува само за чистење на валканите садови во домот, но дали сте знаеле дека оваа машина е мултифункционална?

shto-se-mozete-da-iscistite-vo-mashinata-za-mienje-na-sadovi-01.jpg

Во неа можете да чистите многу повеќе работи, а не само садовите.

Во неа, на пример, можете да ги перете капите, да ја чистите спортската опрема, темелно да измиете компири, патики...

Погледнете што сè можете да исчистите со помош на машината за миење на садови:

1. Капи

Ставете ги во горниот ред и користете малку детергент.

shto-se-mozete-da-iscistite-vo-mashinata-za-mienje-na-sadovi-1_copy.jpg

2. Спортска опрема

Секој дел од спортската опрема, на пример штитниците , можете да ги наредите во горниот ред, но не употребувајте детергент.

shto-se-mozete-da-iscistite-vo-mashinata-za-mienje-na-sadovi-2.jpg

3. Компири

Исто така, наредете ги на горниот ред и без детергент, оставете ги да се исчистат на топла вода.

shto-se-mozete-da-iscistite-vo-mashinata-za-mienje-na-sadovi-3.jpg

4. Патики

Извадете ги врвците и без топлина, исперете ги.

shto-se-mozete-da-iscistite-vo-mashinata-za-mienje-na-sadovi-4.jpg

5. Тушот

Горниот дел од тушот можете детално да го исчистите од бигор заедно со останатите садови.

shto-se-mozete-da-iscistite-vo-mashinata-za-mienje-na-sadovi-5.jpg

6. Пластичната покривка на автомобилските тркала (раткапните)

Дури и нив можете да ги наредите во машината за садови и со малку алкохолен оцет да ги измиете.

shto-se-mozete-da-iscistite-vo-mashinata-za-mienje-na-sadovi-6.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рерна, загорено тенџере: Што сè можете да исчистите со таблети за машина за садови? Дали стаклото на вратата од рерната ви е премногу валкано за да видите кога е го...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg