10 начини како конечно да го исчистите нередот во фрижидерот

Ред во фрижидерот - уште една работа која трае 2 до 3 дена и потоа се претвора во целосен хаос во кој буквално ги губиме работите кои сме ги купиле.

10-nacini-kako-konecno-da-go-iscistite-neredot-vo-friziderot-01.jpg

Кога еднаш ќе пикнете во некое ќоше од фрижидерот, шансите да го најдете пред да му истече рокот, се навистина минимални.

За да ги избегнете овие инциденти во кои губите многу нерви и пари, обидете се да го средите нередот со некој од следните совети:

1. Храната во кесички ставете ја во големи кутии, па потоа во замрзнувач. Одвојте ја морската храна од свинското и пилешкото, замрзнатите теста од зеленчукот и овошјето...

10-nacini-kako-konecno-da-go-iscistite-neredot-vo-friziderot-02.jpg


2.
Кесите замрзната храна закачете ги со штипки за документи.

10-nacini-kako-konecno-da-go-iscistite-neredot-vo-friziderot-03.jpg


3.
Тубите сосови ставете ги со капачињата надоле, наредени во картон од јајца.

10-nacini-kako-konecno-da-go-iscistite-neredot-vo-friziderot-04.jpg


4.
Зелениот зеленчук ставете го во различни теглички со ознака, за да не се чудите што е магдонос, а што рузмарин, нане или спанаќ.

10-nacini-kako-konecno-da-go-iscistite-neredot-vo-friziderot-05.jpg


5.
Залепете магнети на пластичните садови и ќе заштедите многу простор ако ги закачите на страните од фрижидерот.

10-nacini-kako-konecno-da-go-iscistite-neredot-vo-friziderot-06.jpg


6.
Исчистете го и освежете го фрижидерот со вода во која ќе ставите лимон и рузмарин. Распрскајте и ќе видите колку брзо ќе исчезнат непријатните мириси.

10-nacini-kako-konecno-da-go-iscistite-neredot-vo-friziderot-07.jpg


7.
Направете една корпа со производи кои треба најбрзо да се изедат, бидејќи им истекува рокот.

10-nacini-kako-konecno-da-go-iscistite-neredot-vo-friziderot-08.jpg


8.
Не ги трупајте преградите на вратата со се и сешто. Организирајте - во една нека има сосови, во друга млечни производи, во трета млеко, во четврта сокови...

10-nacini-kako-konecno-da-go-iscistite-neredot-vo-friziderot-09.jpg


9.
Направете и корпа во која ќе имате грицки за кога ќе гледате филм или серија да не се чудите што да земете, па да го превртите цел фрижидер наопаку.

10-nacini-kako-konecno-da-go-iscistite-neredot-vo-friziderot-10.jpg


10.
Ситните работи кои се за во замрзнувач може да ги ставите во корпи за сортирање документи и хартии.

10-nacini-kako-konecno-da-go-iscistite-neredot-vo-friziderot-11.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Трикови и совети за најчестите проблеми во кујната и домот Отстранете го восокот од свеќи со коцка мраз и исчистете го мијалникот со средст...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg