10 начини и трикови како да спакувате сè што сакате во еден куфер
Конечно ставивте во куферот сè што сакате да носите, кога сфаќате дека нема никаква шанса да го затворите патентот. Па, ајде вадете една по една работа, несесер по несесер, кесичка по кесичка...
За да не изгубите дополнителни часови за да го намалите багажот, овие 10 начини и трикови ќе ви помогнат да се спакувате додека да трепнете и да земете сè што сакате во само еден куфер.
1. Облеката пакувајте ја во ролни наместо да ја диплите како секогаш.
Ако облеката ја виткате во ролни, во мал куфер може да ви собере 3 пара шорцеви, 3 пара панталони, 3 пара фармерки, здолниште, 4 фустани, 3 летни наметки, 10 маички и 5 кошули.
2. Користете кеси за вакумирање
3. Научете го принципот на пакување „пирамида“
По страните на куферот треба да одат обувките, па врз нив долгите панталони, но само горниот дел. Останатиот треба да виси како на сликата.
Одозгора ставете ги ситните парчиња облека кои не се туткаат замотани во ролни. Пирамидата завршете ја со лесни парчиња кои лесно се гужваат, козметика и кршливи предмети.
Панталоните кои ги оставивте да излегуваат од куферот, префрлете ги одозгора.