Како сами да си направите природен освежувач за домот?

Брзото темпо на живот нè тера да заборавиме колкава улога имаат лошите мириси врз нашето расположение и емоции.

5-ednostavni-nacini-kako-sami-da-si-napravite-priroden-osvezuvac-za-domot-001.jpg

Затоа, едноставно затворете ги очите и помислете на вашите омилени мириси: тоа може да биде мирисот на свежо печен леб, топло кафе, мирисот на морето или мирисот на дрвјата низ шумата. Чувствата кои ве преплавија се позитивни и ги отворивте очите со насмевка на лицето.

Токму затоа е важно вашиот дом да биде исполнет со пријатен мирис, кој ќе ви помогне да се опуштите после напорниот работен ден или времето поминато надвор од домот.

Следните 5 идеи за домашни освежувачи ќе ви покажат како на лесен и едноставен начин да внесете пријатен мирис во домот.

1. Јаболко, цимет, ѕвездест анасон и каранфилче

Комбинацијата на овие елементи веднаш ќе ве потсети на свежите летни ноќи. Исечете го јаболкото на тенки парчиња, ставете го во тегла и додадете вода. Потоа додадете неколку стапчиња цимет, неколку парчиња анасон и каранфилче. Можете да го менувате интензитетот на аромата така што ќе си играте со соодносот на состојки.

5-ednostavni-nacini-kako-sami-da-si-napravite-priroden-osvezuvac-za-domot-01

2. Лимон, лимета, рузмарин и ванила

Комбинацијата од рузмарин и ванила е нешто кое навистина ќе ви ги разгали сите сетила. Исечете ги лимонот и лиметата на парчиња, ставете ги во тегла и додадете вода. Додадете неколку капки екстракт од ванила, 3-4 гранчиња рузмарин и вашиот освежувач е веќе готов.

5-ednostavni-nacini-kako-sami-da-si-napravite-priroden-osvezuvac-za-domot-02

3. Лимон, мајчина душица, нане и ванила

Мајчината душица со својот специфичен мирис е таа која му дава нота на посебност на овој освежувач. Исечете го лимонот на тенки парчиња, ставете го во тегла и додадете вода. Потоа додадете неколку листови свежо нане и мајчина душица. Ако не можете да најдете свежи може да ставите и исушени. На крајот додадете неколку капки екстракт од ванила.

5-ednostavni-nacini-kako-sami-da-si-napravite-priroden-osvezuvac-za-domot-03

4. Портокал, ѓумбир и бадеми

Свежиот мирис на портокалот искомбиниран со специфичниот мирис на бадемот е тоа што ја прави оваа комбинација совршена. Исечете го портокалот на тенки парчиња, ставете го во тегла и додадете вода. Додадете и неколку парчиња лимон за да добиете посвежа арома. Додадете ѓумбир, исечкан на мали парчиња и неколку капки есенцијално масло од бадем.

5-ednostavni-nacini-kako-sami-da-si-napravite-priroden-osvezuvac-za-domot-04

5. Краставица, босилек и лимонова трева

Силниот мирис на босилекот измешан со свежината на краставицата и лимоновата трева за кратко време ќе стане вашата омилена арома во домот. Исечете неколку кругови краставица, ставете ги во тегла и додадете вода. Додадете неколку стебленца свеж босилек и неколку капки есенцијално масло од лимонова трева.

5-ednostavni-nacini-kako-sami-da-si-napravite-priroden-osvezuvac-za-domot-05

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 грешки со кои (несвесно) го намалувате животниот век на апаратите за домаќинство Ставате фолија во рерната за да ја заштитите од храната што капе и да на мора да...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето Ако ставите црна чешма, на неа постојано ќе има дамки од бигор доколку не ја чис...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg