Трикови кои ќе го олеснат чистењето на бањата: Кадата се чисти со цитрон, машината со избелувач

Чистењето на бањата сигурно не ви е најомилената и најзабавната работа, но е нешто кое мора да се прави барем еднаш неделно.

trikovi-koi-ke-go-olesnat-cistenjeto-na-banjata-1.jpg

Сепак треба да имате на ум дека не секогаш ваквото чистење мора да биде тешко и напорно.

Следните трикови ќе ви покажат како да ја исчистите бањата за многу пократко време и со многу помалку труд.

Исчистете го тушот без гребење

Сè што ви е потребно е оцетна киселина, празна кесичка и ластиче. Турете една чаша киселина во кесичката и ствете го тушот во неа, водејќи сметка предниот дел да биде целосно потпен во киселина.

Со помош на ластичето зацврстете ја кесата и оставете киселината да делува 1 час. Потоа само убаво исплакнете и имате чист и дезинфициран туш.

trikovi-koi-ke-go-olesnat-cistenjeto-na-banjata-2.jpg

Чистење на плочките и подот

Чистењето на подот може да биде вистински кошмар но ако подготвите смеса од 1/2 шолја сода бикарбона, 1/4 шолја хидроген пероксид и 1 лажичка детергент за садови работите ќе станат многу полесни.

Исчистете ја кадата со помош на цитрон

Кадата најлесно ќе ја исчистите ако пресечете на половина еден цитрон и врз пресечениот дел ставите сол. Убаво истријте и на крајот само исплакнете со вода.

trikovi-koi-ke-go-olesnat-cistenjeto-na-banjata-4.jpg

Оваа техника можете да ја користите и за чистење на даската за сечење.

Чистење на дамките од ’рѓа од лавабото

Дамките од ’рѓа може лесно да се исчистат со смеса од сок од лимон и калиум битартрат. Нанесете ја смесата со четка за заби, исчистете а потоа само исплакнете со вода.

Како да ја исчистите машината за перење

Наполнете ја машината за перење со жешка вода и додадете 1/4 средство за избелување на алишта. Пуштете ја машината да врти неколку минути а потоа исклучете ја и оставете да отстои еден час. Потоа пуштете ја на најдолгата програма.

Откако ќе заврши повторно наполнете ја со жешка вода и додадете 1/4 дестилирана оцетна киселина. Повторно пушете ја да работи неколку минути и оставете ја да отстои еден час. Средството за избелување и киселината ќе ја исчистат машината од сите бактерии и наслаги.

trikovi-koi-ke-go-olesnat-cistenjeto-na-banjata-5.jpg

Како да се ослободите од непријатниот мирис во бањата

Најдобар начин за ослободување од непријатниот мирис е да ја чистите ВЦ-школката и областа околу неа со смеса од сок од лимон, сода бикарбона и оцет.

Како да го исчистите порцеланското лавабо

Најлесно начин за чистење на овој дел од бањата е ако нанесете детергент за миење садови, убаво истриете и потоа исплакнете со вода. Потоа испрскајте со средство за избелување и оставете да делува неколку минути. Благо истријте и исплакнете со вода. Ова ќе ја отстрани жолтеникавата боја од порцеланот.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Рерна, загорено тенџере: Што сè можете да исчистите со таблети за машина за садови? Дали стаклото на вратата од рерната ви е премногу валкано за да видите кога е го...
Грешки со кои ѝ го скратувате животниот век на машината за садови Промената на начинот на користење на машината за садови може драстично да го про...
Ситници поради кои бањата ви изгледа хаотично (а гостите ги забележуваат) Валкан сад за сапун, луфа закачена на чешмата и стара подлога на подот – кои сит...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
Чести грешки кои имаат влијание врз хигиената во бањата Ја чувате луфата во туш кабината или на кадата, крпите ги складирате во бањата и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg