Тајните на собарките - како да чистите брзо и ефикасно?
Ако некој добро знае како изгледа брзото и ефикасно чистење, тогаш тоа се собарките. Тие имаат долго искуство и безброј тајни кои може да ви помогнат побрзо и поефикасно да го исчистите домот.
Еве неколку од нив:
1. Тие прво го чистат нередот
Марија Стикни, менаџер од Radisson Blu хотелот започнува од нередот во собата. Таа се ослободува од отпадот, ја заменува постелнината и пешкирите.
Во тоалетот таа ги собира пешкирите, празните шишенца од шампоните или другите козметички средства и сè друго што може да се најде на полиците.
2. Преферираат микрофибер крпи, но имаат и добра замена за нив
Тајната на ефикасното ослободување од прашината во домот лежи во добрата крпа за чистење.
„Микрофибер крпите се најдобри за оваа работа“ – вели Агустин Канонго, директорот на Loews Vanderbilt хотелот во Нешвил.
„Ако немате микрофибер крпи, тогаш нивна одлична замена се крпите кои се 100% памук“ – додава тој, но во ниту еден случај не препорачува употреба на полиестер, бидејќи тој може да создаде дополнителна прашина.
3. Трикот за брзо наместениот кревет е во етикетите
Големиот кревет знае да одземе многу време посебно кога не можете да го најдете крајот на постелнината. Сте успеале да го наместите едниот крај и сфаќате дека сте го употребиле поголемиот дел па одново започнувате со местење.
Доволно е само да запомните дека кога ја местите постелнината започнете од етикетата, таа секогаш се наоѓа на долниот дел.
Така објаснува Ема Андерсон која е прогласена за собарка на годината за 2014-тата година на Best Western.
4. Тие добро ги удираат завесите
Прашината најмногу се собира на завесите и од истата нема никогаш целосно да се ослободите ако не ја тргнете од завесите. Честичките само ќе продолжат да циркулираат во домот.
„Најдобар начин да се ослободите од прашината е завесите да ги удирате со мокар пешкир, бидејќи тој е доволно тежок за ударот да биде силен“ – објаснува Стикни.
5. Тие употребуваат правосмукалка пред да го избришат подот
„Подот секогаш поминете го со правосмукалка пред да го пребришете со мокра крпа. Сигурно не сакате мокра и залепена коса во тоалетот или влакна од миленикот“ – вели Стикни.
6. Тоалетот го чистат последен
„Најдобро е да започнете со спалната соба за да го намалите пренесувањето на бактериите“ – објаснува Стикни.
7. Потребно им е време на производите за чистење
Напрскајте ги стаклените површини со средството за стакло и оставете малку време за да почне да дејствува производот, а потоа бришете. Така е и со останатите средства за чистење.
Потребно им е време да дејствуваат.
8. Ја користат правосмукалката на сосема спротивен начин од кој сте научени
Вашата мајка најверојатно ве има научено дека најдобро е да започнете од најоддалечениот дел од просторијата и полека да се упатувате кон местото каде е сместена правосмукалката, но постои друга метода.
Андерсон вели: „Започнете од оние делови кои се „најпрометни“ каде најмногу се движите, а потоа завршете на местото каде се наоѓа правосмукалката“.
9. Не ви се потребни скапи средства
Можеби мислите дека тие ги имаат откриено најдобрите средства за чистење, но тоа не е точно. Најдоброто средство се наоѓа во вашиот дом.
Алкохолниот оцет и водата ви се доволни за темелно да го очистите домот.
10. Постојано имаат четка за заби при рака
Секако дека не треба секој дел од домот да го пројдете со четка за заби, но неа можете да ја употребите на оние делови кои се непристапни за обичната крпа.
11. Сите алатки на едно место
Можеби сте забележале дека собарките имаат сè што им е потребно во само една канта, онаа во која се наоѓа средството за бришење на подот.