Летни проблеми: Како најлесно да ги исчистите флеките од скара, сладолед, пот...
По скарата или договорениот сладолед ви остана дамка на омилената маица и сега се мислите на кое хемиско да ја однесете? Вратете се дома, заштедете си ги парите и следете ги овие совети.
Сладолед
Облеката потопете ја во литар вода во која ќе додадете детергент за машинско перење. По 30 минути исперете на рака, исцедете, па така ставете ја во машина.
Маснотија од скара
Ставете течен детергент за облека на масната дамка и оставете го да делува 10 минути. Ако дамката е свежа пробајте да ставите малку бебешка пудра и да ја оставите да отстои неколку часа пред да исперете. Само запаметете дека студената вода треба да ја избегнувате, во спротивно таа ќе ги направи флеките повидливи и тврдокорни.
Сенф
Ставете малку глицерин на извалканото место и оставете го да делува 5 минути. Исперете на вообичаен начин.
Кечап и сос за скара
Превртете ја флеката наопаку и измијте со студена вода. Нанесете алкохолен оцет почекајте неколку минути и повторно исперете. Ако дамката е се уште видлива, перете на повисока температура во машина.
Шумско овошје
Овие црвени овошки се најголем летен непријател. Флеките од јагоди и боровинки прво мора да ги измиете со студена вода. Потоа во литар вода ставете 1 супена лажица алкохолен оцет и половина лажица течен детергент. Ткаенината треба да отстои 15-20 минути во оваа мешавина. Исперете во машина на вообичаен начин.
Кал
Почекајте целосно да се исуши, па добро исчеткајте. Никогаш не го мокрете местото каде што има кал, затоа што на тој начин само ќе ја раширите флеката. Откако ќе исчеткате, исперете на вообичаен начин.
Полен
Уште една флека која никако не смеете да ја мокрите. Тоа е нешто најлошо што може да го направите затоа што водата ќе го размачка жолтиот прав. Наместо тоа, ткаенината добро истресете ја, па остатокот отстранете го со селотејп.
Пот
На свежите дамки од пот нанесете амонијак. Само важно е никогаш да не го мешате со избелувач, затоа што нивните испарувања се опасни. На старите дамки доволно е да нанесете алкохолен оцет.