Средства за чистење кои никогаш не смеете да ги комбинирате
Кога треба да исчистиме било каква тврдокорна флека во домот, склони сме да ги здружиме силите на повеќе различни средства, само за чистењето да ни успее.
Но, стручњаците предупредуваат дека употребата на одредени хемиски средства може да биде опасна доколку ја мешате со други производи.
1. Две различни средства за чистење одвод
Геловите за чистење одводи содржат силни хемикалии кои делотворно ги убиваат бактериите. Но, ако измешате 2 или повеќе гелови моќните хемиски формули во комбинација може да испуштат пареа штетна по здравјето на домашните или во најлош случај да настане блага експлозија.
2. Хидроген пероксид и алкохолен оцет
Комбинацијата на пероксид и оцет е честа појава во дезинфекцијата на кујнските површини. Сепак, иако на вас ви делува како сосема сигурна комбинација, стручњаците предупредуваат дека не смеете да ја мешате во ист сад затоа што се формира пероцетна киселина која може да ја иритира кожата, очите и дишниот состав.
3. Избелувач и алкохолен оцет
Во теорија, оваа комбинација се чини како моќен отстранувач на бактериите, но во пракса истата создава хлор гас кој во мали количини може да предизвика кашлица, проблем со дишењето и солзење на очите.
4. Избелувач и амонијак
Амонијакот е честа состојка во средствата за блескави стакла и прозори. Токму тие средства не смее да ги мешате со избелувач затоа што создаваат хлорамин. Овој гас може да предизвика болки во прстите, па дури и недостаток на воздух во градите.
5. Избелувач и медицински алкохол
Никако не смеете да ја вдишите оваа мешавина, бидејќи ќе почувствувате мачнини и болки во дишните патишта. Стручњаците советуваат избелувачите никогаш да не ги мешате со други хемиски средства, туку само со вода.