6 средства за чистење на дамките од кафе кои ги имате дома

Дамките од кафе може да бидат мошне тврдокорни ако не ги отстраните веднаш. Но, и за оние заборавени дамки на теписите и облеката постои решение.

6-sredstva-za-cistenje-na-damkite-od-kafe-kafe-koi-gi-imate-doma-01.jpg

Наместо да купувате најразлични средства и детергенти, доволно е да искористите некои од природните кујнски производи кои ги имате во домот.

1. Оцет

Пред да ја ставите облеката за перење натопете на дамката малку оцет. За поголеми дамки, додајте и повеќе оцет. Оставете да го впие во текот на ноќта, па исперете ја.


2. Пиво

Истурете пиво врз дамката на тепихот и лесно тријте го, додека не исчезне дамката. Ако е тврдокорна повторете ја постапката неколку пати, додека целосно не ја отстраните дамката. Откако ќе ја отстраните, местото поминете го со млака вода и малку детергент.


3. Сол

Засушените дамки кафе најлесно може да ги отстраните ако на сунѓерче ставите малку сол и лесно триете. Ако не се исчисти, додајте малку оцет и обидете се повторно. Мерката и на солта и на оцетот треба да биде отприлика еднаква. Истата постапка може да ја примените и при чистење на дамките од црно вино.


4. Прашок за печиво

Дамките од кафе кои остануваат на порцеланските филџани, може да ги исчистите со прашок за печиво кој со својата зрнеста структура ќе ја собере сета нечистотија и ќе ѝ даде посебен сјај. Може да го посипете и на облека на која ви се истурило кафе, за полесно да се испере.


5. Минерална вода

Потребно е директно да истурите од минералната вода на дамката и лесно да триете. Постапката повторувајте ја додека целосно не исчезне.


6. Влажни марамчиња

Кафето од тепихот најдобро е веднаш да се обидете да го отстраните со влажни марамчиња. Тие ја апсорбираат течноста и дамките, за да спречите подлабоко да продрат дамките во ткаенината.

Би можело да ве интересира:

8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето Ако ставите црна чешма, на неа постојано ќе има дамки од бигор доколку не ја чис...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
7 грешки со кои (несвесно) го намалувате животниот век на апаратите за домаќинство Ставате фолија во рерната за да ја заштитите од храната што капе и да на мора да...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
9 работи во домот што вие ги игнорирате, а оставаат лош впечаток кај гостите Ако кафето го послужите во напукната шолја или изнесете грицки во закршена чиниј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg