Трикови за совршен дом: Прозорите чистете ги со газиран сок, тоалетот со шумливи таблети
Колку пати до сега сте се откажувале од чистењето или поправањето, само затоа што ви се чинело невозможно?
Голем број на луѓе дури и наједноставните работи ги прават на комплициран начин, што одзема двојно повеќе време.
Но, со овие трикови ќе си решите барем половина од главоболките низ дома.
1. Заглавено шрафче
Ако се борите со некое заглавено шрафче, само ставете кујнско ластиче врз него, па преку него отшрафете.
2. Чистење на боја
Ако додека фарбате нешто низ дома се обоите малку и на рацете, истријте го местото со маслиново масло.
3. Чистење на туш
Ако тушот ви фатил бигор и не прска доволно, во пластична кеса ставете оцет, а потоа кесата заврзете ја околу тушот. Оставете да делува 15-20 минути.
4. Газиран сок за прозори
Ако не верувате во оној трик со сув весник, пробајте да ги исчистите со малку газиран сок на хартија. Ќе бидат како нови.
Сите трикови кои барем еднаш во животот сигурно ќе ви затребаат, погледнете ги во видеото: