Фенг Шуи: Исчистете го домот од негативна енергија со помош на кори од портокал

Портокалите можат да ви послужат за да го исчистите вашиот дом од негативна енергија и да го ослободите просторот во кој поминувате најмногу време. Фенг шуи учителите се тука за да ви покажат како да го направите тоа...

feng-shui-iscistete-go-domot-od-negativna-energija-so-pomos-na-kori-od-portokal-01.jpg

Според Фенг шуи, корите од портокалите се одличен начин за да го исчистите домот од негативната енергија и да внесете хармонија во животниот простор.

За чистење на негативната енергија потребно ви е:

  • 3 свежи портокали
  • Вода
  • Стаклена чинија
  • Свежо цвеќе

Постапка:

1. Излупете ги портокалите и поделете ја кората на 9 парчиња. Ставете ги во чинија и прелијте ги со врела вода.

2. Ставете ја чинијата на влезот, доколку сакате да го исчистите целиот дом. Со водата може да ја освежите и испрскате целата куќа.

3. Водата и кората фрлете ги, а портокалите можете слободно да ги консумирате.

4. Откако ќе завршите со Фенг шуи чистењето, отворете ги прозорите и вратите за целиот дом да го исполните свежа, позитивна енергија.

5. Поставете свежо цвеќе во централниот дел од домот, а во наредните 9 дена 3 пати заменете го цвеќето. Букетот менувајте го на 3 дена, а последното цвеќе оставете го до крај да овене.

Мислите дека вреди? Би пробале?

Би можело да ве интересира:

Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Каква енергија „ви зрачи“ нередот во секој дел од домот - Неуредниот ходник носи расправии и сиромаш... Зошто е неопходно да го исчистите ходникот од старите чевли и чадори, а зошто не...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
Знаци дека имате мувла во домот + како да се ослободите од неа Поставете сензори за температура и влажност во вашиот дом, па користете ги да го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg