Зимско чистење на тепихот: 3 природни средства против дамки
Отстранувањето на дамките од тепихот во текот на зимата можеби ви се чини комплицирано, но може да го направите само во 3 чекори со помош на 3 природни средства.
Пред да се подготвите за темелно чистење на тепихот потребно треба целиот тепих да го поминете со правосмукалка.
Трите најголеми проблеми на тепихот се: прашината залепена на тешихот, дамките и непријатниот мирис. Следниот чекор по чекор со помош на природните средства може да го доведете тепихот во ред.
1. Средство за длабинско чистење на тепихот
- 1/2 лажица сода бикарбона
- 10 капки етерично масло од кедар
- 10 капки етерично масло од лимета
Сите состојки ставете ги во пластичен сад и оставете ги да отстојат еден ден. Потоа истурете ја мешавината на целата површина од тепихот, напрскајте го местото со чиста вода и со четка за чистење убаво истријте го тепихот и повторно поминете го со правосмукалка.
2. Средство за отстранување дамки
- 30 ml јаболков оцет
- 70 ml сок од лимон
- ½ l вода
- 1 лажица сода бикарбона
- Неколку капки етерично масло од лаванда
Сите состојки ставете ги во еден сад и добро измешајте ги, па во нив намокрете ја четката за перење на тепихот и добро истријте ја површината на она место каде што е дамката.
Со оглед на тоа дека во мешавината има природни состојки кои не создаваат пена, тепихот не е потребно да го исперете туку само да го оставите да се исуши и уште еднаш да го поминете со правосмукалка.
3. Средство за отстранување на непријатните мириси од тепихот
- 2 лажици природен течен сапун
- 40 ml алкохолен оцет
- ½ l топла вода
- 1 лажичка боракс
- 6 капки етерично масло од лимон
- 3 капки етерично масло од чајно дрво
Сите состојки ставете ги во стаклен сад и добро измешајте ги. На крајот претурете го во шише и додајте ја водата. Затворете го шишето со прскалка и протресете го убаво па напрскајте ја целата површина на тепихот.
Оставете да отстои 20-ина минути па поминете го со правосмукалка.