Чист дом без хемикалии: 3 природни препарати против мувла

За секој од овие препарати постојат „за” и „против” причини, но во битката против мувлата секој од нас треба да се запраша која цена е подготвен да ја плати...

cist-dom-bez-hemikalii-3-prirodni-preparati-protiv-muvlata-01.jpg

Ако сакате да го исчистите домот со тоа што нема да употребувате разни хемиски препарати, тогаш подгответе некои од овие 3 природни средства, кои ќе бидат ваши сојузници во борба за чист и здрав дом.

1. Препаратот ќе го направите на тој начин што ќе растворите 2 кафени лажички масло од чајно дрво во 400ml вода во шише со распрскувач. Протресете го шишето, а потоа испрскајте ги местата зафатени од мувла. Можете да ги третирате деловите од таванот, завесите во бањата или делови од тепихот кои се зафатени од мувла.


2. 
Вториот добар сојузник во борбата против мувлата е екстракт од семки од грејпфрут. Tоа е безмирисна супстанца,која е одлична замена доколку ви пречи мирисот од првиот препарат. Рецептот е сличен: 20 капки од екстрактот промешани со 400ml вода.


3. 
Третиот препарат е обичниот јаболков оцет. Стручњаците тврдат дека чистиот оцет убива околу 80% од мувлата, а вие можете да го растворите со вода и по желба да додадете неколку капки од омиленото етерично масло, за да се заштитите од непријатниот мирис. 

Би можело да ве интересира:

7 грешки со кои (несвесно) го намалувате животниот век на апаратите за домаќинство Ставате фолија во рерната за да ја заштитите од храната што капе и да на мора да...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето Ако ставите црна чешма, на неа постојано ќе има дамки од бигор доколку не ја чис...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
9 работи во домот што вие ги игнорирате, а оставаат лош впечаток кај гостите Ако кафето го послужите во напукната шолја или изнесете грицки во закршена чиниј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg