Чести грешки поради кои апаратите во домот ви се расипуваат

Експериментирате со трикови за чистење што ги гледате онлајн и го ставате пластичниот блендер во машина за садови.

chesti-greshki-poradi-koi-aparatite-vo-domot-vi-se-rasipuvaat-01.jpg

Апаратите како машина за садови, шпорет и блендер сакаме да ни траат бидејќи, реално, не се така евтини.

И, квалитетните уреди се направени да траат, но со некои грешки, сами им го скратуваме животот.

Дел од овие грешки во продолжение:

Не ги отстранувате налепниците од новите садови

Ако имате машина за садови, не заборавајте да ги отстраните налепниците од садовите пред да ги ставите внатре.

Од водата и детергентот, налепниците ќе почнат да се одлепуваат и можат да завршат во филтерот на машината.

chesti-greshki-poradi-koi-aparatite-vo-domot-vi-se-rasipuvaat-02.JPG

Собирате долги влакна со правосмукалката

Ако имате мачка или куче со долго крзно, избегнувајте да ги собирате влакната со правосмукалка. Исто важи и за долги влакна од коса.

Долгите влакна можат да се заплеткаат на машината, особено ако има ротирачки делови, и да ја оштетат.

Па, најдобро е да ги соберете со рака.

chesti-greshki-poradi-koi-aparatite-vo-domot-vi-se-rasipuvaat-03.JPG

Не ја перете деликатната долна облека во заштитна торбичка

Вреди да купите торбичка (или заштитна навлака) за перење долна облека бидејќи ќе ѝ го продолжите рокот на траење.

Истовремено, ќе ја заштитите и пералната од нитните на градниците и сличните метални детали кои со текот на времето можат да ја оштетат.

chesti-greshki-poradi-koi-aparatite-vo-domot-vi-se-rasipuvaat-04.JPG

Го ставате блендерот во машина за садови

Некои модели на блендери е безбедно да ги ставите во машина на садови и на нивната амбалажа е нагласено тоа.

Ако немате таков блендер, секогаш е подобро да го миете рачно.

Машината за садови користи жешка вода која може да ги оштети пластиката и сечилата.

Исто така, во машина нема да се извадат сите остатоци од храна кои можеби се заглавиле под сечилата.

chesti-greshki-poradi-koi-aparatite-vo-domot-vi-se-rasipuvaat-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Грешки со кои ѝ го скратувате животниот век на машината за садови Промената на начинот на користење на машината за садови може драстично да го про...
Чести грешки со кои сами ги уништуваме апаратите во домот Ставате многу прашок во машината за перење и не ја истурате водата од пеглата ко...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
Чести грешки кои имаат влијание врз хигиената во бањата Ја чувате луфата во туш кабината или на кадата, крпите ги складирате во бањата и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg