8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот)
Пена за бричење против замаглени очила
Можете (донекаде) да го спречите замаглувањето на очилата со помош на пена за бричење.
Исчистете ги со пена за бричење, исплакнете ги со малку вода, па исушете ги со хартиен бришач.
Пената за бричење ќе делува како заштитен слој и ќе го намали замаглувањето.
Трик за лесно цедење лимонов сок
Ако ви треба лимонов сок за салата и слично, не мора да го сечите лимонот, па да користите цедалка.
Доволно е да направите дупка во лимонот, па со стапче за јадење или нешто слично малку да ја промешате внатрешноста.
Потоа само стиснете го лимонот и сокот ќе се исцеди.
Како лебот да ви остане свеж?
За да не ви се исуши исечениот леб кој е спакуван во кеса, пробајте го овој тик.
Малку завиткајте го горниот дел од кесата, па со неа прекријте го лебот, како на фотките подолу.
Испеглајте ги патиките
Звучи чудно, но на ТикТок има бројни видеа кои покажуваат дека овој трик навистина функционира.
За да ги исправите патиките, во нив ставете некаква ткаенина, како крпа.
Потоа, горниот дел од патиките прекријте го со крпа или друга ткаенина, па поминете врз неа со вклучена пегла.
Спирова С. | Црнобело