9 работи кои ја нагрдуваат бањата (и гостите секогаш ги забележуваат)
Железни полици над кадата
Иако се евтини и ги има во многу бањи, овие полици лесно ‘рѓосуваат, па го нагрдуваат изгледот на просторијата.
Наместо тоа, изберете полици од стакло, не’рѓосувачки челик или месинг. Делуваат полуксузно и поубаво.
Течен сапун наместо обичен
Обичниот сапун се лизга кога е мокар, а и омекнува ако го заборавите во вода (дури и ако го чувате врз сунѓерче). А и не секој сака да допира туѓ сапун.
Затоа е подобро во бањата да чувате течен сапун кој е многу поедноставен за користење.
Бањарки кои висат на вратата
Иако е најпрактично да си ја земете бањарката од зад вратата по туширањето, сепак, препорачливо е да ја чувате во друга просторија.
Како и на повеќето предмети во бањата, така и на бањарките лесно се развиваат бактерии поради влажноста на воздухот.
Дополнително, бањарките кои висат на вратата изгледаат многу непривлечно.
Тоалетна хартија во оригиналното пакување
Повеќето луѓе ја чуваат тоалетната хартија во ќесата во која била спакувана кога ја купиле.
Наместо тоа, купете мала стилизирана корпа, па ставете неколку ролни тоалетна хартија внатре и чувајте ги над машината за перење (или ако имате некоја друга полица во просторијата).
Крпи за чистење и кофи
Никогаш не ги оставајте кофите и крпите за чистење во бањата, особено не кога ќе ви се најават гости.
Тоа не покажува дека сте уредни, напротив, оддава впечаток на немарност.
А. Ј. | Црнобело