5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари
Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати сте фрлиле пари за предмети кои не ви се потребни?
Постојат работи кои ќе ни се допаднат на прва и, едноставно, мора да ги купиме. Дури потоа сфаќаме дека залудно сме си ги потрошиле парите, бидејќи не се баш корисни.
Колкупати ви се случило да купите работи за домот кои ви се навистина непотребни?
Сапуни во вид на фигури
Иако делуваат симпатично, сапуните во вид на фигури не се функционални.
Тие не се украси за да ги чувате низ домот, па доволно е еднаш да си ги измиете рацете со нив и тие да ја изгубат формата.
Многу често не прават пена, туку се распаѓаат во парчиња и ни се лизгаат од раце поради необичната форма.
Затоа, не купувајте скапи сапуни во вид на фигури, бидејќи се нефункционални.
Држач за книга
Иако изгледаат симпатично, држачите за страници за книги се најчесто неупотребливи.
Најпрво, треба да најдете и држач кој ќе одговара на дебелината на вашиот прст.
Покрај тоа, многу луѓе што користеле ваков држач велат дека откако ќе им помине првичниот ентузијазам да го поседуваат, го „фрлаат“ некаде настрана и забораваат дека го купиле.
LED светилка за читање
Ако сакате да читате навечер, попрактично е да купите мала столна ламба, отколку LED светилка за читање.
Иако делува симпатично, кога ќе ја вклучите во темна просторија, повеќе ќе ги напрегате очите, отколку што ќе можете да читате нормално.
Кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“
Никогаш не знаете што може да ви притреба за во кујната, па често купувате предмети кои никогаш не ги употребувате, или ги користите само еднаш и ги заборавате.
Такви се и многу модерни кујнски апарати кои изгледаат симпатично и кои, едноставно, мора да ги имате, како на пример апарат за варење јајца.
Факт е дека ваквите предмети може да се скапи, а ретко се користат бидејќи имаат само една намена.
За да заштедите пари, пред да купите нешто, запрашајте се колку често ќе го користите.
Нож за сечење овошје
Дали сте ги забележале специјалните ножеви за овошје?
Со нив може да сечете банани, авокадо, праски и да добиете совршено еднакви резанки...
Но, овие предмети многу брзо може да се скршат доколку станува збор за многу евтин модел, особено ако стиснете посилно или пробате да пресечете некое потврдо овошје.
Затоа, наместо да фрлате пари за некој ваков секач, подобро вложете во квалитетен и остар нож кој ќе ви користи за повеќе работи.
А. Ј. | Црнобело