Прекрасна идеја од Македонка – Како сами да направите адвент календар на кој ќе се радуваат најмалите?
Адвент календарите се едни од најомилените детски подароци за предновогодишните и божиќните празници, а една Македонка ја сподели својата генијална идеја како сама изработила голем подарок за нејзините деца.
Декември е месецот кога ги одбројуваме последните денови од старата година, а Македонка сподели идеја за проект со којшто овој период ќе помине побрзо и на којшто подеднакво се радуваат и децата, но и возрасните.
Како што може да се види, за ваков проект ви е потребна една голема кутија од телевизор, однапред купени слатки и други интересни изненадувања и, секако, боички и материјали за декорација на кутијата.
Ружица Крстева е мајка на три деца, а на својот Инстаграм профил често споделува фотографии од нејзините проекти, но и од секојдневието.
Пред почетокот на декември, таа сподели фотографии и видеа од нејзиниот најнов проект - адвент календарот изработен од кутија од телевизор, на кој има прозорчиња за цел месец, а зад секое од нив се крие по едно слатко задоволство за децата.
За да го видите видеото, кликнете на стрелките од објавата:
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело