Предмети кои сите ги имаме дома, а се „дувло“ за инсекти

Старите книги, ЛЕД сијалиците, картонските кутии и дрвените полици се рај за живеење на здодевните инсекти. Обрнете внимание на овие предмети во домот, скоро секогаш во нив ќе пронајдете инсекти. Неколку предлози како да го решите овој проблем...

predmeti-koi-site-gi-imame-doma-a-privlekuvaat-insekti-proverete-gi-01.jpg

Скоро и да не постои дом кој не се соочува со проблем со инсекти.

Не само што се непријатни за гледање, туку некои од нив се и вистински штетници. 

Термитите и пајаците го уништуваат мебелот и ткаенината, додека мувите се извор на инфекции. Затоа е добро да знаете кои места во куќата се одлични за живот и размножување на инсектите со цел да се обидете да ги спречите да се населат таму.

Еве неколку места во домот кои се погодни за живот на инсектите: 

Влажни места

Онаму каде што има одводи - бања, кујна, места околу мијалникот, како и сите места каде што може да се најдат остатоци од храна се вистинско царство за малите непријатни посетители. 

Инсектите кои живеат во домовите, како што се бубашвабите, уживаат во овие места. Единствениот лек против влагата е да ја проверите исправноста на вентилите за вода и одводите за во нив да не се задржува влага.

Што се однесува до храната, исчистете сѐ после јадење и не оставајте ништо на местата кои им се лесно достапни на инсектите, бидејќи нема да можете долго да се ослободите од нив (и гладните мравки спаѓаат во оваа група).

predmeti-koi-site-gi-imame-doma-a-privlekuvaat-insekti-proverete-gi-02.jpg

Растенија во собата

Тие се вистинска мамка за ситните, но и поголемите инсекти. 

Што е уште полошо, инсектите се доказ дека не се грижите доволно за домашните растенија, бидејќи не ги наводнувате правилно.

Имено, ако премногу ги полевате и има премногу вода во саксијата во која стојат, се создаваат супер влажни услови - рај за инсектите.

Оставете ги растенијата да дишат и погрижете се да има доволно воздух во просторијата што ќе ја исуши влагата и ќе го намали развојот на габите, кои го уништуваат растението. На тој начин ќе се спасите и од инсекти.

predmeti-koi-site-gi-imame-doma-a-privlekuvaat-insekti-proverete-gi-03.jpg

Презреано овошје

Сигурно сте забележале рој мали мушички и муви кои постојано лебдат над чинија со презреано овошје. 

Скапаното овошје е вистински рај за нив, затоа прво ставате го во пластично ќесе, па дури потоа фрлете го во отпад, а најдобро е да го изедете пред да почне да скапува.

Слично е и со отворените конзерви и шишиња со сокови, кои се неодолива мамка бидејќи ги привлекува ферментацијата. 

Доколку е потребно, исплакнете ги со чиста вода пред да ги фрлите во отпад.

predmeti-koi-site-gi-imame-doma-a-privlekuvaat-insekti-proverete-gi-04.jpg

Стара хартија

Книгите кои долги години стојат по полиците, старите весници, купиштата фактури, флаерите, писмата претставуваат рај од целулоза, со која се хранат домашните инсекти, особено пајаците, но и лебарките на кои меѓу листовите им е удобно и топло.

Затоа потрудете се што помалку да ги чувате на масите, комодите, аглите и полиците, а книгите од кои не можете да се откажете ставете ги во убави пластични кутии што се затвораат.

predmeti-koi-site-gi-imame-doma-a-privlekuvaat-insekti-proverete-gi-05.jpg

Бела светлина

Белата и сината светлина привлекува инсекти во домот, додека црвеното, портокаловото и жолтото светло ги одбива. 

Затоа, заменете ги ЛЕД светилките со оние чие светло е потопло, барем во периодот кога има најмногу инсекти - летото.

predmeti-koi-site-gi-imame-doma-a-privlekuvaat-insekti-proverete-gi-06.jpg

Картонски кутии

Работите најлесно се складираат во картонски кутии, но мора да знаете дека тие се храна за инсектите, особено за термитите, бидејќи тие се хранат дури и со лепилото што им е на рабовите.

Инсектите ги премачкуваат овие кутии со нивните секрети и на тој начин привлекуваат други видови.

Бидејќи сакаат да живеат во рој, за брзо време нема да можете да се одбраните од нив.

Најдобро решение за ова е да си набавите пластични ќеси што се затвораат и проблемот ќе биде решен.

predmeti-koi-site-gi-imame-doma-a-privlekuvaat-insekti-proverete-gi-07.jpg

Сурово дрво

Небојадисаните штици и дрво се неодоливи за пчелите. 

Во дупките од дрвото снесуваат јајца, продлабочувајќи ги уште повеќе. 

Затоа, покријте го огревното дрво со пластични фолии, а дрвените огради и подовите на балконите бојадисајте ги или премачкајте ги со некој заштитен материјал кој целосно ќе ги запечати вдлабнатините и дупките на дрвото.

predmeti-koi-site-gi-imame-doma-a-privlekuvaat-insekti-proverete-gi-08.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
Каква енергија „ви зрачи“ нередот во секој дел од домот - Неуредниот ходник носи расправии и сиромаш... Зошто е неопходно да го исчистите ходникот од старите чевли и чадори, а зошто не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg