Молци во домот - Како да ги уништите и да спречите да се појават повторно?

Знаци дека имате молци во домот се дупките на вашите теписи, палтата, облеката. Ако забележите мали црвчиња низ домот, на ѕидовите, ова е првата форма на молецот и значи дека треба да преземете нешто.

molci-vo-domot-kako-da-gi-unistite-i-sprecite-da-se-pojavat-povtorno-01.jpg

Молците, како и пеперутките, се појавуваат во три облика - како јајце, гасеница и пеперутка. Тие се безопасни за луѓето, но можат да бидат многу штетни за храната и облеката.

Може да живеат во која било просторија од домот, а плакарите им се омилено место за положување јајца.

Она што ги привлекува молците во гардеробите се: влакна од животни, волна, како и облека што не е многу чиста.

Овие мали инсекти може да се најдат и во вреќата со брашно, житарките, сушеното овошје, зачините, но и во сувите билки (стари чаеви), а кога ќе стигнат до гардеробата, молците буквално ја уништуваат.

Кои се најефективните методи за отстранување на молците од вашиот дом?

Плакарите со алишта

Клучот е да се избркаат овие предатори од домот и да им се најде живеалиштето. Затоа, пребарајте ја гардеробата и извадете ги волнените џемпери и проверете дали во нив има гнездо од овие инсекти.

Гнездата изгледаат како мали бели пајажинки. Погледнете ги сите дупчиња, може да се многу добро сокриени.

Извадете ги сите работи од плакарот. Крзнените палта, зимските јакни и волнените џемпери мора да бидат изложени на силна сончева светлина, оставете ги на тераса или во близина на прозорец.

Избришете ги плакарите со крпа натопена во раствор од сапуница.

Добро испраната гардероба исушете ја и дури потоа здиплете ја и ставете ја во плакарот.

Доколку јакните и палтата ги чувате во плакарот, откако ќе ги однесете на хемиско чистење, задолжително прво завиткајте ги во фолија, а потоа вратете ги внатре.

molci-vo-domot-i-kako-da-se-spravite-so_niv-08.jpg

Добро прегледајте ја кујната и плакарчињата каде што чувате храна

Ако забележите ситни пеперутки во кујната, а црви во житарките, „честитки“ - имате молци!

Одвојте ги сите житарки, сушените печурки, брашното, чаевите, сувото овошје, зачините и проверете дали се нападнати од молци.

Избришете ги кујнските ормари со крпа натопена во оцет, а потоа исушете ги темелно и проветрете ги. Чувајте ги билките, житарките и сушените печурки во фрижидер.

Велат дека добро е и житарките како брашно, овес, лен прво да се остават во замрзнувач неколку дена, а потоа да се сортираат во кутии.

Може добро да ги покриете житариките и до нив на полицата да ставите чешне лук. 

Ако сакате да исчистите темелно, подгответе раствор од: половина литар вода, 1 мала лажичка ракија, 2 лажици масло од чајно дрво. Избришете ги ормарите со овој раствор внатре и надвор.

molci-vo-domot-i-kako-da-se-spravite-so_niv-04.jpg

Што ги уништува молците?

Нафталин

Во минатото, луѓето натопувале работи во нафталин за да ги убијат молците. Во џебовите на капутите и крзнените јакни се препорачува ставање на нафталин.

molci-vo-domot-i-kako-da-se-spravite-so_niv-11_copy.jpg

Кора од портокал

Ставете лушпи од портокал во кујнските плакари и молците ќе побегнат.

molci-vo-domot-i-kako-da-se-spravite-so_niv-10.jpg

Нане, еукалиптус и лаванда се билките од чиј мирис бегаат молците

Уште еден добар начин да се ослободите од молците се вреќичките со зачини кои можете сами да ги направите.

Направете платнени вреќички и во нив ставете цимет, каранфилче и бибер. Сува кора од лимон и портокал исто така може добро да послужи.

Овие вреќички може да ги поставите каде било во станот и да бидете сигурни дека молци повеќе нема да имате. Интензивните мириси им пречат на молците.

molci-vo-domot-i-kako-da-se-spravite-so_niv-09.jpg

С.Ш. | Црнобело / фото: pixabay.com; freepik.com

Би можело да ве интересира:

9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
Трикови и совети за најчестите проблеми во кујната и домот Отстранете го восокот од свеќи со коцка мраз и исчистете го мијалникот со средст...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg