Валкани штекери и уште 9 ситници поради кои домот ви изгледа неуредно во очите на гостите

Дамки од бигор на чешмата, расфрлани шминки и овенато цвеќе – постојат ситници на кои самите не обрнуваме многу внимание, но дефинитвно им „бодат очи“ на гостите.

sitnici-poradi-koi-domot-vi-izgleda-neuredno-i-nechisto-vo-ochite-na-gostite-01.jpg

Кога очекуваме гости, без разлика колку ни се блиски, сакаме да оставиме добар впечаток.

Но, кога го средуваме домот пред да дојдат, се случува да заборавивме некои ситници.

Кoи ситници прават домот да ви изгледа неуредно во очите на гостите?

Валкано огледало

Во бањата, дамките од вода на огледалото се дефинитивно забележливи.

Но, истовремено, многу се познава и кога само набрзина ќе го забришете огледалото – се гледаат траги од крпата, а голема е веројатноста да ви остане и средство.

Па, потрудете се темелно да ги исчистите огледалата во домот пред да ви дојдат гости.

sitnici-poradi-koi-domot-vi-izgleda-neuredno-i-nechisto-vo-ochite-na-gostite-02.jpg

Дамки од бигор на чешмата

Не мора темелно да ја чистите бањата, но потрудете се барем да нема дамки од бигор на чешмите.

Дури и ако останатиот дел од бањата блеска, овој детаљ прави да изгледа валкано.

А, за да ги исчистите, ќе ви требаат едвај пет минути.

sitnici-poradi-koi-domot-vi-izgleda-neuredno-i-nechisto-vo-ochite-na-gostite-03.jpg

Овенато цвеќе

Без разлика дали станува збор за букет или цвеќе во саксија што сте го запоставиле, овенатото цвеќе секогаш го грди просторот.

sitnici-poradi-koi-domot-vi-izgleda-neuredno-i-nechisto-vo-ochite-na-gostite-04.jpg

Валкани кабли и штекери

Факт е дека неретко ги забораваме штекерите и каблите кога го чистиме домот. Но, бидејќи ги користиме секојдневно, тие се навистина валкани.

Пред да ви дојдат гости, одвојте 10-тина минути да ги исчистите штекерите и каблите. Добро би било да ги исчистете и прекинувачите за светло.

sitnici-poradi-koi-domot-vi-izgleda-neuredno-i-nechisto-vo-ochite-na-gostite-05.jpg

Разнишан стол или маса

Ако имате разнишан стол, не дозволувајте гостите да седат на него.

Ако проблемот е во масата, пробајте да ја стабилизирате пред да дојдат гостите.

Седењето на разнишан мебел не е воопшто пријатно.

sitnici-poradi-koi-domot-vi-izgleda-neuredno-i-nechisto-vo-ochite-na-gostite-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Ситници поради кои бањата ви изгледа хаотично (а гостите ги забележуваат) Валкан сад за сапун, луфа закачена на чешмата и стара подлога на подот – кои сит...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg