9 работи во домот што можете да ги оштетите ако ги чистите (или перете) многу често
Шпорет
Веројатно веќе претпоставувате дека и овојпат причината се средствата за чистење.
Иако се ефикасни, овие средства не се наменети за секојдневна употреба.
По готвење, доволно е да го забришете шпоретот со влажна крпа, а средствата немојте да ги користите повеќе од еднаш неделно.
Џемпери
За разлика од долната облека, летните маички и слично, џемперите можете да ги носите 2-3 пати пред да ги исперете.
Со ова значително ќе им го продолжите рокот на траење.
Фармерки
Дури и извршниот директор на Levi’s има изјавено дека ако сакате фармерките да ви траат, треба да ги перете многу ретко.
Препорачливо е да ги перете фармерките по околу десет носења, а во меѓувреме да ги проветрувате по секое носење.
Пижами
Освен ако немате проблем со ноќно потење, слободно можете да ги носите истите пижами 3-4 дена.
Можете да ги носите и цела недела ако имате навика да се туширате пред спиење.
Глинени чајници
Ако имате чајник од глина, препорачливо е да не го чистите со средство за садови.
Наместо тоа, по употреба веднаш исплакнете го со жешка вода. Ако во внатрешноста има дамки, нежно истријте ги со прстите.
Со текот на времето, глината ги апсорбира аромите од чајот, а ова има влијание врз вкусот и токму поради тоа не треба да користите средства за него.
Спирова С. | Црнобело