Вирален трик кој ќе ве спаси од бигорот на чешмите: „Функционира како магија“ (видео)

„Неподносливо е да ги бришеш чешмите секој ден. Морам ова да го пробам“ – вели во коментарите една корисничка која го погледнала видеото со над 35 милиони прегледи. Погледнете како можете да се спасите од бигорот на чешмите со едноставен трик за кој ви треба само восок од свеќа.

viralen-trik-koj-kje-ve-spasi-od-bigorot-na-cheshmite-funkcionira-kako-magija-video-01.jpg

Ако имате проблем со бигор на чешмите, тогаш овој едноставен трик е само за вас. Наместо секојдневно да ја пребришувате чешмата со средства против бигор, овој трик ќе ви помогне да спречите водата да се задржува на неа.

На ТикТок е објавено видео, кое досега е прегледано над 35 милиони пати, а во него жена споделува трик кој ќе ви помогне да спречите на чешмата да се задржува вода, а со тоа и да не останува бигор.

funkcionira-kako-magija-viralen-trik-za-da-se-spasite-od-postojano-chistenje-bigor-na-cheshmite-video-02.jpg

Според видеото, сѐ што ви треба е свеќа и една крпа.

Врз претходно исчистената чешма се нанесува малку од восокот на свеќата, а потоа рамномерно се разнесува со крпа на целата површина.

Восокот што е налепен на чешмата не дозволува водата да се задржува на металот, па со тоа ја спречува и појавата на бигорот.

funkcionira-kako-magija-viralen-trik-za-da-se-spasite-od-postojano-chistenje-bigor-na-cheshmite-video-03.jpg

Со оглед на големиот број прегледи, видеото исто така има и голем број коментари. Додека некои тврдат дека повеќе сакаат да користат восок за автомобили или хартија за печење со восок, други велат дека се изненадени од резултатите од трикот.

„Функционира како магија. Ми се допаѓа“,

„Ми требаше вакво нешто за дома. Апсолутно морам да го пробам“,

„Навистина функционира, потребно е само малку време да ја усовршиш техниката“ – стои во дел од коментарите.

Погледнете го видеото со трикот:

@thegoodlifehack

Smart? Credit: haus_t_lux (ig) #lifehack #bathroom #clean #cleaningtiktok

♬ original sound - Lifehacks

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето Ако ставите црна чешма, на неа постојано ќе има дамки од бигор доколку не ја чис...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
7 трикови со боја на ѕидовите за визуелно да ја смените големината на собата Знаете ли како да ја „зголемите“ собата со помош на боја? Или како да ја издолжи...
Трикови и совети за најчестите проблеми во кујната и домот Отстранете го восокот од свеќи со коцка мраз и исчистете го мијалникот со средст...
Трикови со кои во кујната сè ќе ви биде како „под конец“ Чистете ја корпата за отпадоци со парче лимон и искористете ја внатрешноста од в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg