Трикови со кои Французите максимално ги користат малите кујни
Купуваат практични шпорети со плотна
Кај нас уште е доста популарно готвењето на плин, и тоа од оправдани причини – плинот е многу поевтин од струјата.
Но, ако имате минијатурна кујна, добро би било да го замените гломазниот шпорет на плин со помала рерна и плотна.
Овие рерни и шпорети се вградени и зафаќаат помалку простор.
Не купуваат непотребни садови
Можеби дома имате калапи за торти, мафини и што уште не, само затоа што еднаш во животот сте посакале да направите нешто.
Ако не сте личност која прави слатки и печива, овие садови нема потреба да ви зафаќаат место во кујната.
Максимално го користат просторот
Во малите француски кујни, искористен е секој дел од просторот – полици, чување работи над висечките елементи и слично.
Столчиња што се склопуваат и мали маси
Ако имате мала трпезарија (во склоп на кујната), најдобро купете мала маса и столчиња што се склопуваат.
Кога не ги користите, само склопете ги и веднаш ќе ослободите простор.
Спирова С. | Црнобело