„Имав спуштена матка по породување, не побарав помош од срам“ - Зошто е важно да знаете за оваа состојба?

Уште постои стигма околу женското здравје и гениталниот пролапс, па многу жени наместо да побараат помош, од срам молчат и ги трпат болните симптоми. Поради ова, една жена решила да прозбори за своето искуство и да ги охрабри другите да се консултираат со гинеколог.

imav-genitalen-prolaps-ne-pobarav-pomosh-od-sram-zoshto-e-vazhno-da-znaete-za-ovaa-sostojba-01.jpg

Гениталниот пролапс, народски познат и како „спуштена матка“, е проблем со кој се соочуваат многу жени, но за кој ретко се зборува.

Оваа состојба не го загрозува животот, но може да предизвика бројни непријатни симптоми, вклучувајќи и болен сексуален однос.

Поради стигмата околу гениталниот пролапс, поранешна радио продуцентка на BBC, решила да го сподели своето искуство за состојбата и да ги охрабри жените да побараат помош.

imav-genitalen-prolaps-ne-pobarav-pomosh-od-sram-zoshto-e-vazhno-da-znaete-za-ovaa-sostojba-09.jpg

Хелен Ледвик има 44 години, а се соочила со генитален пролапс во 2015 година, откако го родила второто дете.

Како многу жени, на почетокот не била свесна што ѝ се случува, а дури ѝ било и срам да се консултира со лекар.

imav-genitalen-prolaps-ne-pobarav-pomosh-od-sram-zoshto-e-vazhno-da-znaete-za-ovaa-sostojba-02.jpg

Таа истакнува дека лекарите не ѝ спомнале ништо за можниот ризик од пролапс, без разлика што имала комплицирано породување кое вклучувало сериозно оштетување на ткивото помеѓу вагината и аналниот отвор.

„Си дојдов дома од болница по породувањето – и операцијата – не знаејќи дека напорот и кревањето тешки предмети може да ми ги оштети карличните органи“.

imav-genitalen-prolaps-ne-pobarav-pomosh-od-sram-zoshto-e-vazhno-da-znaete-za-ovaa-sostojba08.jpg

Поради ова, Хелен не внимавала и честопати го кревала постариот син. Околу две недели подоцна, кога отишла во тоалет, Хелен почувствувала непријатна болка.

„Застрашувачко е кога ќе помислите дека можеби ви ’паѓаат‘ органите. И покрај тоа што двапати имав родено, не знаев дека пролапсот е нешто што може да се случи“.

Кога отишла на лекар, ѝ рекле дека може да направи операција или да прави вежби со кои ќе може да ги контролира симптомите.

imav-genitalen-prolaps-ne-pobarav-pomosh-od-sram-zoshto-e-vazhno-da-znaete-za-ovaa-sostojba-03.jpg

Хелен сметала дека не е подготвена за операција, па почнала да ги следи другите препораки – да не стои долго време, да избегнува тешка физичка работа и да не крева ништо тешко.

Но, ова не било воопшто лесно – Хелен почнала да се плаши од секоја активност со нејзините деца.

„Чувствував како да има некоја сенка врз мене, како да изгубив дел од мене. Не можев да бидам мајката којашто сакав да бидам“.

imav-genitalen-prolaps-ne-pobarav-pomosh-od-sram-zoshto-e-vazhno-da-znaete-za-ovaa-sostojba-11.jpg

Разочарана од малкуте информации што ги добивала од експерти, во 2018 година Хелен почнала отворено да зборува за нејзиниот пролапс на Инстаграм.

Само неколку денови по првата објава на оваа тема, стотици жени ѝ напишале за сличното искуство. Повеќето од нив споделиле дека немале со кого да разговараат за овој проблем.

„Ми помогна што можев да зборувам со некого. Мислам дека мора да се ослободиме од срамот за ова. Една 59-годишна жена ми напиша дека била гневна бидејќи секоја година одела на гинеколошки преглед и никогаш не ѝ кажале за пролапс – а сега имала.

Одлично е што им помагам на луѓето, но јас не сум медицински експерт. Жените не треба да бараат информации на Инстаграм“.

imav-genitalen-prolaps-ne-pobarav-pomosh-od-sram-zoshto-e-vazhno-da-znaete-za-ovaa-sostojba-10.jpg

Хелен вели дека одвреме-навреме уште чувствува непријатни симптоми од пролапсот, но сега нашла и експерт за женско здравје кој ѝ помага да ги контролира.

Почнала да прави вежби за зајакнување на карличните мускули и се чувствува многу подобро.

Хелен ги охрабрува жените да не се срамат да зборуваат за овој проблем со нивниот гинеколог и да не страдаат во тишина.

На следната страница, кои се симптомите на генитален пролапс и како се лекува…



Би можело да ве интересира:

Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg