„Имав спуштена матка по породување, не побарав помош од срам“ - Зошто е важно да знаете за оваа состојба?

Гениталниот пролапс вклучува изместување, односно спуштање на карличните органи кон вагината. Во овие органи спаѓа и матката, па затоа состојбата често е нарекувана „спуштање на матка“.

Веќе спомнавме дека пролапсот не го загрозува животот, но предизвикува болни и непријатни симптоми за жената.

imav-genitalen-prolaps-ne-pobarav-pomosh-od-sram-zoshto-e-vazhno-da-znaete-za-ovaa-sostojba-04.jpgКарлични органи кај жена

Зошто се јавува гениталниот пролапс и кои се симптомите?

Пролапсот настанува кога групата мускули кои ги „држат“ карличните органи ослабуваат.

Постојат неколку фактори кои влијаат врз ова:

  • Бременост или породување – особено кога станува збор за тешко породување или раѓање повеќе од едно дете.
  • Возраст и менопауза – со годините се намалува нивото на естроген во организмот, а ова има влијание врз ткивата, вклучувајќи ги и оние во карлицата
  • Многу прекумерна тежина
  • Констипација што трае многу долго или здравствен проблем поради кој се кашла често
  • Постојано кревање многу тешки предмети

Симптоми на генитален пролапс:

  • Чувство на притисок околу гениталиите и долниот дел од стомакот
  • Непријатно чувство во внатрешноста на вагината
  • Чувство како нешто да „паѓа“ низ вагината
  • Непријатност и болка за време на секс
  • Мала испакнатина во областа на вагината
  • Проблеми со уринирање, како нецелосно празнење на мочниот меур, зачестена потреба за уринирање или испуштање мало количество урина при кивање, кашлање и вежбање

Во некои ситуации, пролапсот може и да не предизвика симптоми.

imav-genitalen-prolaps-ne-pobarav-pomosh-od-sram-zoshto-e-vazhno-da-znaete-za-ovaa-sostojba-05.jpg

Кога да одите на гинеколог?

Ако забележите и само еден симптом или каква било неудобност во областа на гениталиите, препорачливо е да одите на гинеколог.

Гинекологот ќе ви постави прашања во врска со симптомите што ги чувствувате и ќе ви направи преглед.

Можно е да бидат направени други тестови, како за урина, во случај да имате и некоја инфекција.

imav-genitalen-prolaps-ne-pobarav-pomosh-od-sram-zoshto-e-vazhno-da-znaete-za-ovaa-sostojba-07.jpg

Како се третира гениталниот пролапс?

Доколу симптомите се благи и не предизвикуваат проблеми, најверојатно нема да ви треба никаков третман.

Сепак, веројатно ќе добиете препораки за промени во секојдневието, вклучувајќи:

  • Слабеење ако имате многу прекумерна тежина
  • Да избегнувате да кревате тешки работи
  • Превенција и третирање на констипација

Доколку симптомите се посилни, постојат неколку опции, вклучувајќи:

  • Карлични вежби
  • Хормонална терапија
  • Операција

imav-genitalen-prolaps-ne-pobarav-pomosh-od-sram-zoshto-e-vazhno-da-znaete-za-ovaa-sostojba-06.jpg

Ако сте повозрасни, важно е да знаете дека гениталниот пролапс не е нормален дел од стареењето и менопаузата и треба да побарате помош.

Без разлика на вашата возраст, ако чувствувате каков било симптом, немојте да се срамите да разговарате со вашиот гинеколог.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg