Витамини и суплементи кои не треба да ги земате во исто време (и зошто)

Магнезиумот може да ја намали или целосно да ја спречи апсорпцијата на железото и цинкот, па не е препорачливо да ги пиете во исто време.

vitamini-i-suplementi-koi-ne-treba-da-gi-zemate-vo-isto-vreme-i-zoshto-01.jpg

Ако земате суплементи, веројатно имате навика да ги пиете сите одеднаш.

Но, во некои случаи ова не е препорачливо поради реакцијата што настанува помеѓу одредени суплементи.

Иако веројатно нема да почувствувате сериозни несакани ефекти, можете да ја намалите апсорпцијата, а со тоа и ефикасноста на суплементите ако ги мешате неправилно.

Кои витамини и суплементи не треба да ги земате во исто време?

Магнезиум и калциум/мултивитамини

Магнезиумот помага во намалувањето на стресот и го поттикнува релаксирањето на мускулите.

Сепак, не е препорачливо да го пиете во исто време со мултивитамини.

Според докторката Ерин Стоукс, магнезиумот може да ја спречи апсорпцијата на минералите од мултивитамините, како железо и цинк.

Истото ќе се случи и ако го испиете со калциум.

Препорачливо е да почекате барем два часа откако ќе го испиете магнезиумот пред да испиете калциум или мултивитамин.

vitamini-i-suplementi-koi-ne-treba-da-gi-zemate-vo-isto-vreme-i-zoshto-02.jpg

Витамини Д, Е и К

Според докторката Крис Ери, можете да ја намалите апсорпцијата на витаминот К ако го земате во исто време со витамини Е и Д.

Ако ги испиете заедно, нема да почувствувате несакани ефекти, туку само ќе ја намалите ефикасноста на витамините.

И во овој случај препорачливо е да ги пиете на интервал од барем два часа.

vitamini-i-suplementi-koi-ne-treba-da-gi-zemate-vo-isto-vreme-i-zoshto-03.jpg

Рибино масло и гинко билоба

Рибиното масло и суплементите што го содржат имаат омега 3 масни киселини кои делуваат против воспаленија.

Но, ако ги земате со суплементи како гинко билоба, можете да го намалите згрутчувањето на крвта. Ова значи дека ако се повредите, можно е да искрвавите повеќе.

Повторно, пијте ги овие суплементи на интервал од најмалку два часа.

vitamini-i-suplementi-koi-ne-treba-da-gi-zemate-vo-isto-vreme-i-zoshto-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Како најбрзо да ја излечите настинката (и што НЕ треба да правите)? Топлите течности, како чаеви и супи, можат да бидат од помош, но нема цврсти док...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg