Витамини и суплементи кои не треба да ги земате во исто време (и зошто)
Цинк и бакар
Ако пиете суплементи поради недостаток од бакар, немојте да ги земате во исто време со цинк.
Докторката Крис Ери вели дека иако цинкот го зајакнува имунитетот, може да ја намали апсорпцијата на бакарот.
Па, ако веќе имате недостаток од бакар (или железо) пиењето на суплементите во исто време може да го влоши проблемот.
Железо и зелен чај
Ако пиете зелен чај откако ќе земете суплемент со железо, главната состојка во чајот ќе се сврзе со железото.
Ова значи дека чајот ќе ги изгуби антиоксидантите својства.
Препорачливо е и да не пиете зелен чај ни по оброк богат со железо од истата причина.
Витамини Ц и Б12
Докторката Ери вели дека некои истражувања покажале дека витаминот Ц може да го разгради витаминот Б12 и со тоа да ја намали неговата апсорпција.
Кантарион и антидепресиви
Антидепресивите се далеку од суплементи, но ако примате терапија, важно е да знаете дека не треба да се мешаат со кантарион.
Кантарионот самиот делува како антидепресив, па во комбинација со лекови, може да се појави збунетост, па дури и анксиозност.
И антидепресивите и кантарионот го поттикнуваат лачењето серотонин, а иако е познат како хормон на среќа, не е добро во организмот да имате премногу серотонин.
Пред да почнете со суплементи, секогаш е добро да се консултирате со лекар. Истовремено, секогаш читајте го упатството кое доаѓа со самите суплементи бидејќи овде обично е наведено дали треба да бидете внимателни ако пиете уште нешто друго.
Спирова С. | Црнобело