5 машки навики што водат до неплодност, според гинеколог

„Постои причина зошто тестисите се надвор од телото, затоа заборавете на лаптоп во скутот“ – вели гинекологот Нора Крафорд во нејзините совети за паровите што се борат со неплодност. Таа појаснува кои пет работи никогаш не би ми ги дозволила на својот партнер. Кои се тие?

zaboravete-na-kompjuter-vo-skut-ginekolog-so-soveti-za-parovi-shto-se-borat-so-neplodnost-01.jpg

Кога се зборува за неплодност, најчесто се зборува за оние работи на коишто треба да внимаваат жените, но подеднакво е важно и партнерот да обрне внимание на своите животни навики и да воведе некои промени во секојдневието.

Нора Крафорд е гинеколог од Тексас, која има сопствена клиника и им помага на паровите што со години се борат со неплодност.

Докторката која на Инстаграм има над 180.000 следбеници, редовно споделува совети за паровите што сакаат да си ги зголемат шансите за потомство, па така сподели и едно видео во кое ги набројува петте работи што никогаш не би му ги дозволила на неговиот партнер, затоа што рпедизвикуваат неплодност.

zaboravete-na-kompjuter-vo-skut-ginekolog-so-soveti-za-parovi-shto-se-borat-so-neplodnost-02.jpg

Кои работи се најдоа на нејзиниот список?

Пушење цигари

Таа не навлегува премногу во објаснувањето, но вели дека цигарите се „ужасни за сперматозоидите“.

zaboravete-na-kompjuter-vo-skut-ginekolog-so-soveti-za-parovi-shto-se-borat-so-neplodnost-04.jpg

Консумирање марихуана

Со оглед на тоа што во некои земји марихуаната е легална за рекреитивна употреба, лекарката од САД, напоменува дека оваа дрога е контроверзна и дека заради влијанието што го има врз мозокот, го намалува производството на сперматозоиди и влијае врз нивниот облик.

zaboravete-na-laptop-vo-skut-ginekolog-so-soveti-za-parovi-shto-se-borat-so-neplodnost-20.jpg

Лаптоп компјутер во скутот

Таа вели дека топлината ја зголемува температурата во тестисите (и има причина зошто тие се надвор од телото).

zaboravete-na-kompjuter-vo-skut-ginekolog-so-soveti-za-parovi-shto-se-borat-so-neplodnost-05.jpg

Заборавете на производи од процесирано месо

Мажите треба да заборават на производи од процесирано месо затоа што тие содржат голем број хемикалии што е многу лошо за сперматозоидите.

zaboravete-na-laptop-vo-skut-ginekolog-so-soveti-za-parovi-shto-se-borat-so-neplodnost-21.jpg

Употреба на стероиди

Притоа Нора мисли на стероидите што некои спортисти ги земаат за да ја зголемат мускулната маса и да ги подобрат резултатите:

„Нема да имате сперматозоиди по неколку месеци или години, откако ќе ги користите овие лекови“ – вели таа.

zaboravete-na-laptop-vo-skut-ginekolog-so-soveti-za-parovi-shto-se-borat-so-neplodnost-22.jpg

Инаку, нејзините следбеници имаат поделени мислења за советите што ги дава.

Некои тврдат дека денес се родители иако нивните сопрузи правеле по некоја од споменатите работи, а други пак тврдат дека на потешкиот начин морале да научат дека петтата точка навистина може да им направи проблем со зачнувањето.

zaboravete-na-kompjuter-vo-skut-ginekolog-so-soveti-za-parovi-shto-se-borat-so-neplodnost-03.jpg

Погледнете го видеото на Нора во продолжение:

  Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...
Што ќе се случи ако почнете да спиете без пижами, дури и кога е студено? Се верува дека спиењето без пижами може да ви помогне побрзо да заспиете и да им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg