Црвени дланки - необичен симптом за цироза на црниот дроб: Кога треба да посетите лекар?
Што значи ако дланките ви се црвени? Наводно, цирозата на црниот дроб може да предизвика ваков симптом.
Доколку забележите дека вашите дланки постојано се црвени, тоа може да биде симптом дека еден од вашите органи е загрозен, предупредуваат лекарите.
Тој е најважниот прочистувач на организмот, односно црниот дроб.
„Црниот дроб ги неутрализира сите токсични супстанции во телото, вклучувајќи ги и непотребни хормони. Кај мажите, тој хормон е естроген.
Кога црниот дроб не работи, естрогенот се акумулира и предизвикува проширување на крвните садови, па дланките стануваат црвени“, објаснува кардиологот Херман Ганделман во емисија „Live Healthy!“ која се емитува на американска телевизија.
Овој необичен симптом укажува на тоа дека црниот дроб постепено се уништува, односно дека се јавила цироза.
Според Medical News Today, црвенилото предизвикано од цироза, обично се јавува на долниот дел од дланката, но некогаш може да се прошири и до прстите.
Црвенилотo може да изгледа како осип, а при притисок кожата станува бела. Исто така, во овој случај не се јавува чешање.
Интензитетот на црвенилото може да зависи од неколку фактори, како телесна температура, физичка активност, па дури и емотивна состојба.
Бидејќи ваквото вцрвување на дланките обично е показател за проблем со црниот дроб, препорачливо е ако одеднаш ви се појави, да се консултирате со лекар.
Што го уништува црниот дроб?
Кардиологот Ганделман потенцира дека следните фактори го уништуваат црниот дроб: алкохол, вирусни заболувања, масна хепатоза, автоимуни реакции, некои одредени видови на лекови.
Проблемите со црниот дроб може да се покажат и при анализа на крвта.
Како да се спречи и лекува?
Доколку вашиот лекар утврди дека имате проблем со црниот дроб, потребно е веднаш да започнете со терапијата што ќе ви ја препише. Исто така, неопходно е да се откажете од алкохолот и да го намалите бројот на килограмите.
„Црниот дроб се обновува, а ако реагирате навремено, ослабите и се ослободите од токсините што му штетат, може да се врати во нормала“, вели докторот.
(О)Милена | Црнобело