9 тивки знаци дека треба повеќе да се грижите за себе

Дури и да се трудите да живеете здраво, вашето тело може да страда.

9-tivki-znaci-deka-treba-povekje-da-se-grizite-za-sebe-001.jpg

Има неколку знаци по кои ќе препознаете дека повеќе треба да се грижите за своето тело и своето психичко здравје:

1. Заборавеност

Ако и по добро отспаната ноќ се будите зашеметени и постојано ги барате клучевите, го заборавивте паричникот... Можеби заборавеноста која доаѓа со годините не е од ништо освен стрес и замор.

2. Мала сексуална желба

Родителство, години и години брак... тоа се изговорите кои сите си ги даваме за намалената желба за секс, додека вистината е дека монотоното секојдневие заедно со стресот и лошата исхрана се реалната причина.

3. Преголем стрес

Ако стресот ви е секојдневие и од утро до мрак чувствувате блага меланхолија и депресија, како и намалена самодоверба, телото ви испраќа знак дека не се грижите доволно добро за него.

4. Постојано ви се спие

Долгиот сон не е исто што и квалитетниот сон, па можеби затоа имате потешкотии во секојдневието, иако спиете по 8-9 часа.

5. Грчеви во нозете

Ако често имате грчеви во нозете и чувствувате нивно вкочанување, посегнете по магнезиум. Ако чувството не поминува, треба малку подетално да го разгледате проблемот, односно повеќе време да посветите на грижата за телото и духот.

6. Трнење на рацете и нозете

Ова е недостаток на витамин Б12 кој ако го игнорирате подолго време може да доведе до анемија и невролошки болести. Обрнете повеќе внимание.

7. Сува кожа

Сувата кожа е уште еден знак дека ви недостасуваат клучни масни киселини во исхраната.

8. Проблеми со акни

Иако акните се поврзуваат со хормонски проблеми или генетика, постои и факторот стрес кој го појачува и поттикнува нивото избивање.

9. Попладневен замор

Заморот кој следи по завршувањето на работното време најчесто е последица од недоволно искористеното слободно време. Односно, мора да најдете нешто што ве исполнува и кога ќе излезете од канцеларија.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg