Уживање во ароматерапија
Во секојдневната продукција на стрес треба константно да се смислуваат мали стратегии за опуштање, кои ќе му овозможат на организмот да се врати...
...во првобитната состојба. Една од можние методи, особено омилена на запад е таканаречената ароматерапија.
Самиот термин е релативно нов: го промовираше Rene Maurice Gatefosse во почетокот на 1930 тите години.
Споменатиот господин случајно го открил лековитото дејство на етричното масло од лавандата при инцидент во лабораторијата кога си ја изгорел раката, па ја залечил повредата со маслото од лаванда.
Покрај споментатото, таканаречените есенцијални масла имаат и други лековити и релаксирачки дејства.
Овие масла се добиваат со екстракција од цвеќиња, лековити тревки и овошја, а ги карактеризираат специфични и исклучително пријатни мириси (ароми), па така и самата метода го добила своето име, ароматерапија.
Начинот на употреба и дејство на есенцијалните масла се разновидни: покрај вдишување на пријатните мириси, можат да се додадат во водата за капење или пак директно да се нанесат на кожата (во соодветен облик).
Секако, треба да се разликува тривијалната употреба на концептот „ароматерапија“ од онаа вистинската.
Значи, не е доволно да се купи „миризлива свеќа“ на улица, потоа да се запали и да се очекува чудо – максималното достигнување ќе биде пријатна атмосфера во просторијата. При купувањето на есенцијални масла неопходно е да се обрне внимание на нивниот состав, односно дали се работи за природни масла или пак синтетички ароми.
Ароматерапијата можеби не е во состојба да направи чудо, но секако преставува пријатно искуство на интимен контакт со сопственото тело во мисрисно опкружување – нешто што треба да се проба, особено во комбинација со блиска личност.