Има ли место за паника – што кога менструалниот циклус има црна боја?
Иако црната боја на менструалната крв може да ве исплаши, ова е всушност честа појава и не треба да ве загржува ако не чувствувате други невообичаени симптоми.
Менструалните циклуси обично не се изненадување, сè додека не подранат ден или два додека, како за беља, носиме бели панталони.
Она што може да биде изненадувачко е глетката на крв со црна боја, наместо вообичаената црвена. Тука не мислиме на темниот исцедок кој се појавува на почетокот или пак на крајот на циклусот, туку на исцедокот, односно менструалната крв во најобилните денови.
Иако оваа глетка за многу жени е веројатно малку вознемирувачка, сепак е почеста отколку што мислите и ова не е причина за загриженост.
Крвта од „црниот менструален циклус“ е само „крв што е постара, која почнала малку да се згрутчува“, вели Рејчел Перагало Урутија, д-р доцент по акушерство и гинекологија на Универзитетот во Северна Каролина.
Кога слузницата на матката почнува да се откинува еднаш месечно, крвта не секогаш излегува веднаш на површината и колку подолго останува во матката, толку таа станува потемна.
Иако многу обилното крвавење може да биде знак за нешто посериозно како ендометриоза или инфекција, Урутија вели дека обично ќе имате и други симптоми, освен само црна или темна крв – како тешки грчеви, болка за време на секс или тешкотија да забремените. Во тој случај, дефинитивно треба да побарате помош и да се консултирате со вашиот гинеколог.
Дали може да направиме нешто во врска со „црниот“ менструален циклус?
Не. Утурија вели дека ништо не може да ја промени бојата на крвта од менструацијата. Доколку сте загрижени за количината на крвавење при циклусот, можете да разговарате со вашиот лекар за неколку различни опции, како спирала што може да помогне малку да се намали крвавењето.
Но, таа потврдува дека „работите што ве прават здрави воопшто, како што се добриот сон, редовното вежбање, јадењето квалитетна храна, и обидот да ги избегнете многуте хемикалии во храната и околината, можат да бидат корисни за рамнотежата на хормоните и целокупното репродуктивно здравје“.
(О)Милена | Црнобело