Болка во грб и уште 7 суптилни симптоми кои можат да бидат знак за проблеми со бубрезите
Ако имате симптоми на анемија, како слабост и замор, и постојано ви студи, можно е да имате некаков проблем со бубрезите.
Проблемите со бубрезите се честа појава, но многу луѓе не се свесни за симптомите што ги предизвикуваат па не бараат помош навреме.
Имајте на ум дека овие симптоми не мора да значат дека сигурно имате проблеми со бубрезите, но ако ги чувствувате подолго, сепак е добро да направите консултација со лекар, особено ако ве има предупредено дека сте изложени на некаков ризик.
На кои симптоми треба да обрнете внимание?
Чешање и сува кожа
Сувата кожа и чешањето можат да бидат знак за проблеми со бубрезите. Наводно, овие проблеми со кожата се предизвикани од акумулацијата на фосфор во организмот – бубрезите не работат како што треба, па во телото се акумулираат штетните состојки кои инаку би биле исфрлени.
Во некои случаи може да се појават и промени во бојата на кожата, односно таа да стане многу бледа или жолтеникава.
Симптоми на анемија
Проблемите со бубрезите можат да предизвикаат и анемија, која се карактеризира со слабост и замор. Истовремено, можно е постојано да ви биде ладно, без разлика на температурата.
Лош здив
Постојат многу причини за појава на лош здив, а една од нив се проблемите со бубрезите. И во овој случај „виновникот“ е отпадниот материјал кој не се исфрла правилно од организмот.
Отоци
Проблемите со бубрезите можат да ја задржат водата во телото, поради што се јавуваат отоци, најчесто на рацете и нозете.
Ова задржување на течностите во организмот може да предизвика и висок крвен притисок.
Тахикардија
Кога е нарушена функцијата на бубрезите, може да се промени волуменот на крвта, а ова може да предизвика нерамномерно биење на срцето, односно тахикардија.
Слично влијание врз срцето имаат и токсините што остануваат во телото поради неможноста на бубрезите да ги отстранат.
Треска и болки во грбот
Инфекциите на бубрезите можат да предизвикаат и треска.
Истовремено, предизвикуваат и болка во долниот дел од грбот, односно околу областа каде што се наоѓаат. Болката може да биде од двете страни или низ целиот долен грб.
Грчеви во мускулите
Грчевите во мускулите се честа појава кај луѓето кои имаат проблеми со бубрезите. Се верува дека овие грчеви се предизвикани од нерамнотежата на течности и електролити во телото, поради оштетени нерви или поради проблеми со дотокот на крв.
Висок крвен притисок
Бубрезите имаат контрола врз крвниот притисок, па кога има некој проблем, можно е да се појави зголемен крвен притисок.
Сите овие симптоми можат да бидат предизвикани и од нешто друго, па немојте сами да си поставувате дијагноза. Ако не се чувствувате добро и сте загрижени за вашето здравје, консултирајте се со вашиот лекар.
Спирова С. | Црнобело