Дуњата е најздравото есенско овошје - ја смирува кашлицата и делува антиканцерогено
Дуњата содржи изобилство на витамини, а во народната медицина се користи со децении. Примарно се користи за ублажување на кашлицата и за смирување на стомачните проблеми.
Помага и самиот плод, но и семките и листовите. Дуњата може да се јаде свежа, иако е малку потврда во сурова форма, но може да се направат сокови, компоти и сирупи кои се подеднакво ефикасни во решавањето на многу здравствени проблеми.
Плодот на дуњата е богат со витамини и минерали. Содржи витамин Ц во големи количини, дури и повеќе отколку што може да се најде во лимонот, потоа витамините Б1, Б2, ниацин, каротин, калциум, магнезиум, калиум, бакар, натриум, цинк, железо, манган, хлор и сулфур. Покрај тоа, содржи протеини, хранливи влакна и јаглехидрати.
Најефективен дел од дуњата се семките од кои се прави чајот. Кога се оставаат во вода, семките ослободуваат слуз што ги решава проблемите со кашлицата и го чисти респираторниот систем.
Покрај тоа, тие содржат големи количини на амигдалин, или витамин Б17, кој има антиканцерогени ефекти. Семето е исто така богато со масти, танини, пектин, шеќери.
Благодарение на танинот и слузта, дуњата благотворно делува на работата на цревата и спречува заразни болести.
Пектинот има благотворно дејство на кардиоваскуларниот систем, помага во намалување на крвниот притисок и обезбедува заштита од радиоактивно зрачење.
Сокот од дуња помага при кашлица, астма и дијареја, додека печената или варена дуња се препорачува за анемични лица, но и за лекување на воспаление на слузницата на желудникот и цревата. Може да помогне и при обилна и болна менструација.
Подготовка на сок од дуња:
Измијте и ситно изрендајте килограм дуњи, па процедете ги низ газа. Испијте го сокот веднаш бидејќи брзо оксидира. Најдобро е да се пие пред јадење.
Подготовка на чај од дуња:
Семките од дуњата прелијте ги со врела вода, оставете ја течноста да отстои неколку минути и потоа испијте ја.
(О)Милена | Црнобело