Зошто луѓето после 40-тата година треба почесто да консумираат смокви?
Јапонските научници докажаа дека главната состојка на смоквата – бензалдехид, придонесува за намалување на туморите.
Освен што се антиканцерогени, смоквите докажано поволно делуваат на нивото на холестерол во крвта.
Омега 3 и 6 масните киселини се важни за кардиоваскуларните органи, а во смоквите ги има во изобилие.
Одличен извор се на калиум, минерал кој го регулира крвниот притисок.
Од витамини, богати се со Б6, кој е неопходен за добро здравје на мозокот.
Железото е витален и важен дел во бројни процеси поврзани со здравјето на крвта, но и добриот метаболизам и нивото на енергија.
Позитивни ефекти има и на кожата, односно помага при сува кожа и дерматитис.
Благодарение на влакната со кои се богати, добро делуваат на дигестијата и го олеснуваат варењето на храната.
Калциумот и калиумот кои ги содржат, во комбинација, добро делуваат како превенција за остеопороза.
М. Д. | Црнобело