Koja емотивна состојба ви ja открива болката на различни делови од телото?
Болките во долниот дел од грбот може да се поврзани со финансиски проблеми, а болката во вратот значи дека имате потреба да простите. Погледнете кои 12 типови болка може да бидат предизвикани од емотивни состојби.
Сите знаеме дека емотивната состојба во голема мера влијае и може да предизвика хронична болка, но на некои места на телото можете да почуствувате болка што се поврзува само за одредени емотивни состојби.
Психологот Сузан Бабел која специјализира на полето на депресијата предизвикана од трауми вели дека истражувањата покажале дека хроничната болка може да биде предизвикана не само од физичка повреда туку и од стресот и од емотивните проблеми.
„Физичката болка има улога да не предупреди дека сè уште имаме работа на нашата емотивна состојба“ – вели таа.
Каква емотивна состојба откриваат за вас различните типови болка низ телото?
Подетално за болките и емотивните состојби во продолжение:
Напомена: Физичката болка на овие места не значи дека секогаш е поврзана со емотивна состојба, но може да има некаква поврзаност. Секако, не треба да игнорирате никакви симптоми и за секоја болка треба да се консултирате со лекар за стручен совет. Овие совети во продолжение земете ги како резерва.
Глава
Болките во главата или мигрените најчесто се предизвикани од секојдневните стресови или од начинот на живот. Доколку имате хронични главоболки, тоа можеби значи дека треба да најдете време за себеси и за одмор. Тоа што ќе се ослободите од стресот може да ви помогне да ја намалите и болката.
Врат
Можеби ќе ве зачуди, но болката во вратот значи дека имате потреба нешто да простите. Може да значи дека треба некому да му простите за нешто или да си простите самите себеси за нешто. Мошне е да размислите за тоа и за оние што ги сакате за да си ја олесните болката.
Раменици
Болката во рамо се јавува кај оние луѓе што на своите плеќи носат голем емотивен товар. Во суштина тоа се луѓето што сè носат на сопствениот грб. Обидете се да им се доверите на блиските личности или на семејството за да си помогнете да си ја олесните болката.
Во горниот дел од грбот
Болката во горниот дел од грбот се јавува поради недостатокот на емотивна поддршка. Можеби чувствувате дека оние околу вас не ве ценат доволно или постојано ги потиснувате во себеси емоциите и чувствата.
Во долниот дел од грбот
Кога имате финансиски проблеми и грижи, најчесто ќе почувствувате болка во долниот дел од грбот. Обидете се да седнете и да се фокусирате на тоа како подобро да ги менаџирате парите или побарајте помош од професионалец. Исто така, можеби ќе биде добро и да го побарате заслуженото покачување.
Зглобови на рацете
Болката во зглобовите на рацете најчесто значат дека не сте премногу флексибилна личност. Можеби се спротивставувате на природните промени што ви се случуваат во животот.
Обидете се да се опуштите и да ги прифатите промените. Со тоа што упорно се обидувате да се спротивставите на промените само ја влошувате состојбата.
Раце
Болката во рацете може да се појави како недостаток на пријатели и поради тоа што се чувствувате осамени. Обидете се да стекнете нови пријатели на работното место или излезете некаде со луѓе.
Колкови
Болката во колковите може да се појави како последица на стравот од промени, неодлучноста или од тоа што постојано се плашите да донесете одлука што ќе ви донесе голема промена во животот.
Направете ги промените што мора да ги направите и држете се до сопствените одлуки.
Колена
Болката во колена се јавува кај оние луѓе што обично имаат мошне високо мислење за себеси. Можеби би било добро да поминете некое време како волонтер и да сфатите дека сите имаме по некоја маана и не сме совршени.
Листови на нозете
Емотивната тензија, стресот или љубомората може да предизвикаат болка во листовите на нозете. Можеби е време да се одалечите од нештата што ви предизвикаат стрес и да се обидете да ја контролирате љубомората.
Зглобови на нозете
Болката во зглобовите на нозете може да значи дека ви е потребно да најдете повеќе работи што ќе ви донесат радост во животот. Најдете време да се чувствувате поубаво и да ги правите нештата што прават да чувствувате задоволство и радост. Пружете ѝ на душата тоа што ви бара!
Стапала
Болката во стапалата често е предизвикана од депресија. Можеби е мошне тешко да се борите со депресијата, но не смеете да се откажувате. Обидете се да најдете некое ново хоби или нешто друго што прави да се чувствувате посреќни.
Б. С. Б. | Црнобело/ фото: freepik.com