Исхрана за добар изглед
Ако случајно сте биле да купувате храна за кучиња, сте можеле да забележите нешто интересно. Декларациите на храната ветуваат здрав изглед...
...на очите, сјајно влакно, јаки заби. Ако вашето куче ја јаде оваа храна, сигурно ќе биде забележано на некоја изложба, но и кај припадниците на спротивниот пол.
Меѓутоа, што е со храната за луѓе? Добро, соодветна храна ќе помогне во превенција на срцевите заболувања или канцер, но што е со изгледот на нашите очи, сјајот на влакната и здравите заби? Зошто ние не можеме да го поправиме нашиот изглед со исхраната?
Е па..можеме! По бројните стратегии, треба само да се измени погледот на нутриционистичкиот свет. Одредени намирници значително допринесуваат кон подобриот изглед на човекот. Како ви звучи да јадете грозје за раст на косата? Или пак со кајсии да го спречите сушењето и перутањето на вашата кожа?
Добриот вус може да се поврзе со добриот изглед. Нема потреба да јадете од чинија на подот. Ако подолго време излегувате од теретана со иста мускулна маса со која и сте почнале, време е да го зголемите внесот на јаглени хидрати.
Дололку се мачите со подочници, занемарете ја употребата на кремови кои им се препорачуваат на жените. Наместо тоа испијте шише вода. Замислете дека вашите очи се телесни водени резервоари. Кога под очите ќе се појават подочници, можете да претпоставите дека бунарот пресушил.
Ако работите во климатизирана просторија, треба да испиете еден литар вода. Ако ги поминувате деновите потејќи се, тогаш треба да пиете уште повеќе вода. При тоа не мора да се пие само вода. Ммногу други течности може да бидат подеднакво добри, освен-алкохолот. Алкохолот ги црпи нашите телесни течности.