Зошто не треба да пиете вода од пластично шише кое ви стоело во автомобил на топло?
Жештините честопати сакаме да си ги олесниме додека поминуваме време во автомобил, па затоа и си носиме шишенце со вода.
Но, факт е дека автомобил паркиран на сонце во текот на летните топли денови, воопшто не е добра локација за чување на вода. Топлината може да го промени составот на пијалакот.
Ако температурата на воздухот надвор е 30°C степени, во вашиот автомобил може да стигне и до 45°C степени.
Истражувањата покажале дека пластичните шишиња при загревање испуштаат бисфенол А, кој предизвикува хормонална нерамнотежа во телото.
Бисфенол А се применува во хемиската индустрија - како основа за изработка на разни видови пластика. Тој има висока издржливост, мала запаливост и можност за апликација како електричен изолатор. Имено, честичките бисфенол од пластични шишиња или лименки можат да стигнат до човечкото тело преку храната и пијалаците.
Истражувањата покажале дека топлата вода може да ослободи честички од бисфенол од пластични садови. Но, дури и без топла вода, овие честички можат да навлезат во храната, на пример ако конзервата е обложена со пластичен слој.
Придржувајте се до описите на декларациите и чувајте ги пластичните шишиња на суво и ладно место.
Прочитајте и: Ако пиете вода од овие шишиња, може да се отруете
Е. П. | Црнобело