Дали доволно се забавувате?

dali-dovolno-se-zabavuvate-povekjeУморни сте, безволни, немате енергија... Како и не би биле кога сте затрупани со работа, постојано изложени на стрес и треба да задоволите безбројните...

 

...барања на шефовите, партнерот, пријателите, пријателките... и сите тие имаат некои проблеми, а вие секако сакате да им помогнетете?

Во ред, сите имаме обврски, но секогаш можеме да најдеме време за себе – макар и само малку, но сепак има. Тоа малку време може многу да ни помогне.

Истражувањата покажале дека недостатокот на енергија може да значи дека не посветувате доволно внимание на своите духовни потреби.

Доколку во голема мерка се запоставувате, тоа може да доведе до последици како што се општа слабост или хроничен замор и нервоза.

Ако и вие толку лошо се чувствувате, или не баш толку, еве што треба да сторите за да се почувствувате убаво (одберете една или повеќе ставки од списокот, според предиспозициите и можностите).

dali-dovolno-se-zabavuvate

  • Штом се разбудите, помислете на нешто специјално и осмислете некоја убава работа која ќе ја направите за себе. Може да се работи за средба со пријател(ка), или за изнајмување на филм кој ќе го гледате заедно со партнерот. Важно е таа активност да ја остварите – и тоа да ја планирате и за неа да одвоите посебно време, а не да ја остварите дури откако ќе ги задоволите потребите на сите околу вас.
  • За „бистрење на ум“ и прилив на енергија може да ви послужи и некоја сосема едноставна активност, како што е телефонски разговор со пријател(ка), или размена на трач со колеги. Испитувањата покажале дека разговорот помеѓу пилотот и копилотот ја изоструваат нивната будност и моќ на забележување.
  • Смеата секогаш е лековита – опушта, зближува и носи нова енергија, да не спомнуваме за тоа колку го подобрува расположението. Многуте испитувања покажале дека е доволно да изгледате некоја комедија или хумористична емисија (се подразбира тој тип на хумор да ви се допаѓа) за слабоста на организмот да ви биде отклонета за 50%.
  • Масажата е многу корисна, и тоа не само за опуштање на мускулите или отстранување на болката. Неколку студии покажале дека луѓето кои два пати неделно оделе на масажа (и тоа само 15 минутна масажа) за кусо време почувствувале голем прилив на енергија и добро расположение.

Би можело да ве интересира:

Фиброаденоми (чворови на дојката) - како настануваат и како се лекуваат? Оваа грутка на градите може да порасне и до 10 сантиметри и да предизвика компли...
Го регулираат крвниот притисок, помагаат при слабеење – Најздравите летни зеленчуци Поради своите состојки, доматите го регулираат холестеролот, добри се за имуните...
Фебрилни конвулзии кај деца: Кои се причините, како да ги препознаете и како да реагирате? Ако сè се прави правилно и во консултација со лекар, фебрилните конвулзии кај по...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Причини за неплодност кај мажите + може ли да се спречи? Кога станува збор за неплодност, најчесто проблемот се бара кај жената. Но, и ма...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg