9 знаци дека телото „ви пука“ од стрес
Да знаете да го детектирате стресот е важен дел од здравјето и секојдневието. Во спротивно, ви се заканува серија од болести.
Низ 9 илустрации ве тераме да препознаете дали се пронаоѓате и дали телото буквално ви пука од стрес?
1. Ги притискате забите и чкрипите со нив
Совет: Запишете го она што ве нервира во моментот кога ќе забележите дека ги стегате вилиците.
2. Имате секојдневна главоболка
Совет: Барем 30 минути во денот поминете сами, во празна соба, правејќи ништо и одморајќи ги мислите и телото.
3. Накачувате тежина неконтролирано
Совет: 3 пати во неделата, по 30 минути, обидете се да бидете физички активни.
4. Ви недостасува сексуална желба
Совет: Испланирајте еден викенд поинаков од секојдневието. Променете ја рутината за да ја промените и желбата за интимност.
5. Загрижувачко чувство на осаменост
Совет: Бидете им достапни на пријателите за необични активности. Запишете курсеви или научете нешто ново заедно.
6. Купувате компулсивно
Совет: Разговарајте со некој за работите кои ви предизвикуваат стрес. Желбата за трошење пари магично ќе исчезне.
7. Болка во градите
Совет: Пракиткувајте јога која ќе ви ги намали анксиозните мисли и напади. Може и да бидете самоуки на ова поле.
8. Ве иритираат секакви ситници
Совет: Поврзете се со природата. Повеќе време поминете на свеж воздух.
9. Чести настинки и болки
Совет: Консумирајте дополнителни витамини во облик на суплементи и дајте си повеќе време за себе и своите мисли.
М. Д. | Црнобело