Физичката неактивност и стресот се најчест предизвикувач на болки во грбот и вкочанетост – Како да се справиме?

Високото ниво на стрес и недостатокот на физичка активност се новиот предизвик со кој сите се соочуваме, поради мерките за справување со светската пандемија со COVID-19 и постојаното седење дома.

fizichkata-neaktivnost-i-stresot-se-najchst-predizvikuvach-na-bolki-vo-grbot-i-vkochanetost-01 (1).jpg

Колку и да се трудиме да бидеме имуни, новото време во кое што живееме изминатиов период секако влијаат врз нашето расположение. Затоа од особена важност е максимално да се трудиме да бидеме физички активни, како главен лек против стресот и колку толку да се обидеме да го компензираме недостатокот на активност.

А, токму болката од емоционалниот стрес најчесто се манифестира како болка на физичка напнатост – најчесто како згрченост во меките ткива на вратот, на врвот на рамениците како и во болка во половината. Голема е веројатноста поради вонредните услови во кои живееме многу почесто да се јавуваат ваков тип на болки и затоа е особено важно да се грижиме за периферниот нервен систем, преку кој најчесто се манифестираат ваквите болки.

Додатокот во исхраната Уримил е вашиот најсилен сојузник во битката со овие болки. Уримил ја поддржува нормалната функција на периферниот нервен систем и обезбедува олеснување при пецкање и вкочанетост на рацете и нозете.

fizichkata-neaktivnost-i-stresot-se-najchst-predizvikuvach-na-bolki-vo-grbot-i-vkochanetost-02.jpg

Направен за грижа за половината, грбот и екстремитетите, секоја капсула содржи оптимална комбинација од 6 основни хранливи материи кои помагаат за поправка на оштетените неврони. Идеалната комбинација на Уридин монофосфат (кој е важен елемент за изградба на клеточните мембрани), Фолна киселина позната уште како Витамин Б9, потоа витамините Б12, Б6, Б1 и Б3, кои се најсилните чувари на периферниот нервен систем, не само што ќе ви помогне да ја победите болката, туку и да му овозможите соодветна грижа на вашиот нервен систем.

На вашето тело му е потребна постојана грижа за тоа да остане послушно на вашите наредби. Згрченоста, напнатоста и физичките болки предизвикани од неправилното функционирање на периферниот нервен систем се проблеми кои се’ почесто ги чувствуваат се’ поголем број луѓе, а тие се предизвикани од природата на нивните секојдневни активности. Употребата на современите медицински решенија како Уримил, во комбинација со константно вежбање и грижа за телото ќе резултираат во здрав и квалитетен живот, кој вас ќе ве направи позадоволни.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Зошто се појавуваат акни на грбот и како да ги исчистите? Знаете ли дека честото носење ранец на грбот може да предизвика појава на акни к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg