Со какви промени се соочува женското тело од младоста до староста?

До 30-тата година, либидото кај жените е најголемо, а може да се намали околу 50-тата година или со почетокот на менопаузата - кои други промени настануваат кај жените низ годините?

so-kakvi-promeni-se-soochuva-zhenskoto-telo-od-mladosta-do-starosta-01.jpg

Од младоста до староста, телото на жената трпи многу промени - се менуваат нивото на енергија, желбата за секс, мускулната маса...

Покрај тоа, овде се бременоста и менопаузата кои предизвикуваат дополнителни промени, но и покажуваат дека женското тело е навистина неверојатно.

Кои се промените што ги чекаат сите жени?

Од 20 до 30 години

Поголемиот дел од времето, здравата жена е полна со енергија. Контролата на тежината не бара прекумерно тренирање, а вежбањето дава брзи резултати.

Ова е одлично време да се стекне дисциплина во вежбање и период кога најлесно можете да изградите мускулна маса. 

Сексуалната енергија е на највисоко ниво

Либидото е најголемо во овој период од животот, а истото важи и за плодноста. 

so-kakvi-promeni-se-soochuva-zhenskoto-telo-od-mladosta-do-starosta-02.jpg

Од 30 до 40 години

Триесеттите и четириесеттите се години во кои хормоните имаат тенденција да испаднат од рамнотежа.

Намалена мускулна маса

Природната мускулна атрофија започнува во овие години. Затоа препорачливо е овој период да почнете со вежбање ако досега не сте ја стекнале оваа навика. 

Изложеноста на стрес предизвикува зголемување на телесната тежина

Постои верување дека жените почнуваат да добиваат на тежина веднаш штом наполнат 30 години, но овде не е „виновна“ само возраста, туку и темпото на живот. 

Поради стресот, масните наслаги можат да почнат да се таложат побрзо. 

so-kakvi-promeni-se-soochuva-zhenskoto-telo-od-mladosta-do-starosta-03.jpg

Од 40 до 50 години

Либидо

Овој период настануваат хормонални промени кои можат да го намалат либидото. 

Менопауза

Повеќето жени, кога се помлади, воопшто не размислуваат за менопауза. Сепак, некои симптоми можат да се појават многу порано отколку што очекуваме.

Лицето се менува

На оваа возраст нашето лице почнува се менува и брчките можат да станат поизразени бидејќи се намалува еластичноста на кожата. 

so-kakvi-promeni-se-soochuva-zhenskoto-telo-od-mladosta-do-starosta-04.jpg

Од 50 до 60 години

Во овие години влегуваме во менопауза и повеќето промени се предизвикани од овој феномен.

Интересот за секс опаѓа

Хормоналните промени и намалувањето на нивото на естроген предизвикуваат намалување на сексуалната желба. Во оваа фаза од животот жените имаат слабо либидо.

Зголемување на телесната тежина

Бавниот метаболизам, како и промените во хормоните, се дел од причините за зголемување на телесната тежина.

Депресија

Покрај хормоналните промени што влијаат на жената, ова е време на животна ревизија и, генерално, време кога сме повеќе склони кон депресија заради промените во животот.

Ова не значи дека сигурно ќе имате депресија во овој период од животот, туку сосема нормално е да имате и лоши денови.

so-kakvi-promeni-se-soochuva-zhenskoto-telo-od-mladosta-do-starosta-05.jpg

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за ме...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg